Пештера за деца од индустриски отпад

06.12.2012 12:16
Пештера за деца од индустриски отпад

„Покажи ми како си играш и јас ќе ти кажам кој си“ - гласат зборовите на уругвајскиот писател Едуардо Галијано. Играта е облик на социјална интеракција која бара континуирано носење нови правила и прилагодување на истите, тестирајќи ја притоа меѓусебната (не)зависност на сите учесници во играта и границите на нивната креативност и имагинативност.

Пронаоѓањето начини да се создадат и прошират социјалните простори во кои се одвива играта, е сериозна и комплексна задача. Игралиштето за деца во Брејдаблик во Трондхајм, Норвешка, за тоа имаше извонредна појдовна позиција: децата како корисници, одврзани раце при проектирањето и релативно ограничен буџет.

Архитектите од проектантската канцеларија Хауген/Зохар, кои добро знаат дека играта не е само за деца, решија и самите да си поиграат и да ѝ се препуштат на фантазијата. Во сличната задача архитектите од Хауген/Зохар веќе се обидоа, за што пишувавме овде. Но, овој пат, наместо затворениот простор за собирање околу огништето и раскажување приказни во студените зимски денови, тие создадоа простор за игра на отворено. Инспирација за проектот пронашле во природните пештери, дупки и останатите тајни простори и прмини во кои децата сакаат да се пикнат и да се сокријат, а кои воедно овозможуват и заштита од студ и необична игра со сончевата светлина.

Објектот од вкупно 50m3 целосно е изграден од рециклиран материјал. Употребени се речиси 1,5 тони чист прединдустриски отпад, т.н. XP пена, остатоци во производните процеси од автомобилската и конфекциската индустрија и индустриска амбалажа. Материјалот е собран во фабриките во неколку европски земји, потоа исечкан на ситни парчиња, термално обработен, залепен во единствена структура која тогаш, со употреба на посебна технологија, а во склад со архитектонскиот нацрт, е издлабена.

Архитектите од Хауген/Зохар за својот начин на размислување велат: „Рециклирањето не е во контрадикција со иновацијата ниту држењето чекор со технологијата. Веруваме во second-hand процесот, затоа што, едноставно, тоа нè прави среќни“.

Повеќе за проектот може да дознаете овде.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото