Што е груевизмот?*

07.12.2012 16:22
Што е груевизмот?*

Ќе ви кажеме што е груевизмот. Меѓутоа, најпрвин ќе ви кажеме што тој не е. Со тоа што на прашањето гледавме сосема поинаку отколку што се гледа денес.

Според тоа, груевизмот не е:

- општество во кое човек кој не извршил престап, дома очекува полиција;

- општество во коешто е престап да бидеш брат, сестра или жена на престапник;

- општество во кое еден човек е несреќен, бидејќи го зборува она што го мисли, а друг е несреќен, бидејќи не го зборува она што го мисли;

- општество во кое еден човек живее подобро, оти воопшто не мисли;

- општество во кое еден човек е несреќен, оти е Евреин, а друг се чувствува подобро, со оглед дека не е тоа;

- држава чиишто војници први стапуваат на територијата на друга држава;

- држава во која некој живее подобро, бидејќи ги велича државните раководители;

- држава во која некој е осуден без судење;

- општество во кое раководителите сами себе се поставуваат на позиции;

- општество во кое десет луѓе живеат во една соба;

- општество во кое има неписмени и епидемија на чума;

- држава од која не може да се излезе;

- држава во која има повеќе шпиони од болничарки и повеќе места во затворите отколку во болниците;

- држава во која побрзо расте бројот на чиновници од оној на работници;

- држава во која си принуден на лаги;

- држава во која си принуден на кражби;

- држава во која си принуден на злостори;

- држава која има колонии;

- држава чии соседи ја проколнуваат географијата;

- држава која произведува одлични млазни авиони и лоши чевли;

- држава во која кукавиците живеат подобро од храбрите;

- држава во која адвокатите најчесто се поврзани со обвинителите;

- царство, тиранија, олигархија, бирократија;

- општество во кое мнозина го бараат Бога, како утеха во несреќата;

- држава која им доделува награди на скрибомани и знае подобро од сликарите кое сликарство е најдобро;

- народ кој експлоатира друг народ;

- народ експлоатиран од друг народ;

- држава која сака сите граѓани да мислат исто за филозофијата, надворешната политика, стопанството, книжевноста и моралот;

- држава чиишто власти ги одредуваат слободите што им припаѓаат на граѓаните, за граѓаните да не им ги одредуваат слободите коишто припаѓаат на власта;

- држава во која се одговара за своите предци;

- држава во која дел од граѓаните добиваат четириесет пати поголеми плати од останатиот дел;

- секој систем на владеење кому се противи мнозинството од оние со кои се владее;

- изолирана земја;

- држава која се служи со националистички пароли;

- држава чија власт смета дека не постои ништо позначајно од нејзиното владеење;

- држава која пактирајќи со злосторници, го гради светогледот на тој пакт;

- држава која сака нејзиното министерство за надворешни работи да го формира тековниот светоглед во име на целокупното човештво;

- држава која не разликува подјармување од ослободување;

- држава во која расистите се на слобода;

- држава којашто постои денес;

- држава во која средствата за производство се приватна сопственост;

- држава која верува дека е социјалистичка само зашто ги укинала приватните средства за производство;

- држава која не разликува општествена револуција од вооружен напад;

- држава која не смета дека луѓето во социјализмот мораат да бидат посреќни отколку каде било другде;

- општество кое е мошне тажно;

- кастинско општество;

- држава чии власти секогаш знаат каква е волјата на народот, пред да го прашаат за мислење;

- држава во која луѓето можат неказнето да бидат уништени од други луѓе;

- држава во која е обврзувачки само еден поглед кон историјата на светот;

- држава во која филозофите и писателите го зборуваат истото со генералите и министрите, но секогаш после нив;

- држава во која плановите на градовите се државна тајна;

- држава во која резултатите од гласањето за парламент секогаш можат непогрешиво да се предвидат;

- држава во која постои ропска работа;

- држава во која постои феудално попречување;

- држава која има монопол на давање на целокупното знаење за светот на своите граѓани;

- држава која смета дека слободата се заснова врз послушноста кон државата;

- држава која смета дека не постои разлика помеѓу вистинитото и верувањето во она што на поединецот конкретно му користи;

- држава во која еден народ ги менува престојувалиштата, иако тоа не го бара;

- држава во која работниците немаат влијание врз начинот на владеење;

- држава која мисли дека само таа може да го спаси човештвото;

- држава која верува дека секогаш има право;

- држава во која историјата секогаш стои на услуга на политиката;

- држава чијшто граѓанин не може да ги прочита најголемите дела на современата литература, ниту да ги види најголемите дела на современото сликарство, а ни да ја чуе најдобрата современа музика;

- држава која секогаш апсолутно е задоволна со себеси;

- држава која зборува дека светот е мошне сложен, иако мисли дека е крајно едноставен;

- држава во која треба да се намачиш за да стигнеш до лекар;

- држава во која постојат питачи;

- држава која е убедена дека никој на светот не може да измисли ништо подобро;

- држава која верува дека сите се воодушевени од неа, иако е спротивно;

- држава која го прифаќа начелото: oderint dum metuant;

- држава која самата одредува кој и како може да ја критикува;

- држава која секојдневно го негира она што го изјавувала вчера, верувајќи дека постојано го изнесува истото;

- држава која многу не сака нејзините граѓани да ги читаат старите годишта од весниците;

- држава во која многумина игноранти се сметаат за научници;

- држава во која сите весници имаат иста содржина;

- држава чијашто власт сака сите форми на организирање на општеството самата да ги планира;

- држава во која има многу благородни и вредни луѓе, но тоа не се дознава врз основа на политиката на власта, туку од други извори;

- држава која многу не сака нејзиното уредување да го анализираат стручњаци, но мошне многу сака тоа да го прават упикувачи;

- држава која секогаш знае подобро во што е среќата на секој граѓанин поединечно отколку самиот тој;

- држава која не жртвува ништо за какви било идеолошки начела, а едновремено верува дека е факел на напредокот.

***

Ова беше првиот дел, а сега - слушајте внимателно! - ќе ви кажеме и што е груевизмот.

Значи, груевизмот е поредок кој... ех!, што има тука посебно да се зборува! Груевизмот навистина е добра работа.

Слики: Свирачиња

*Во оригиналниот текст на Колаковски напишан 1956 година стои, се разбира, зборот социјализам, а не груевизам. Но, го заменивме зборот социјализам за да укажеме на фрапантната сличност меѓу груевизмот и најмрачниот тоталитарен социјализам. Болдирањата исто така се наши, на редакцијата Окно. Од вкупно 80 одредници во кои Колаковски реди што всушност значи тоталитарниот социјализам современите македонски состојби ги пронајдовме во дури 58 одредници!

Слични содржини

Општество / Теорија / Историја
Теорија / Историја
Свет / Теорија / Историја
Општество / Став / Теорија / Историја
Општество / Европа / Свет / Теорија

ОкоБоли главаВицФото