По кратка афера, момчето ѝ дало комплимент на девојката

07.12.2012 16:57
По кратка афера, момчето ѝ дало комплимент на девојката

Скопје, 7 декември 2012 година

Студент од Скопје доживеал непријатна ситуација откако започнал да ја опсипува својата девојка со комплименти, по кратка афера која траела десетина дена. Неговата девојка помислила дека тој ја изневерува и затоа размислувала да го остави.

-Кога тој ми рече дека сум преубава, прво си помислив дека ќе бара некаква услуга од мене. Потоа продолжи да зборува дека убаво и пристојно се облекувам и дека му се допаѓа мојата коса, а тоа беше премногу, навистина. Тие убави зборови сигурно не упатуваат на нешто добро, па затоа најмногу се сомневав на неверство, а тоа му го кажав и нему.

Нејзините другарки ни рекоа дека сè уште не сретнале момче кое дава комплименти на девојки по неколкудневна афера, тврдејќи дека сигурно постои причина зошто тој сè уште ѝ се додворува. Тие се сложуваат дека ниту едно нормално момче не ја освојува девојката откако навистина ќе ја освои и дека ова однесување е знак оти со него нешто не е во ред.

-Тој се однесува чудно уште од почетокот на оваа афера, а особено ме загрижува неговата потреба секогаш да ме задоволува. Пред некој ден тој забележа дека сум ја потстрижала косата. Тој воопшто не може да сокрие дека напорно се труди оваа афера да премине во врска.

Таа истакнува дека би сакала со него да биде во врска, затоа што тој е навистина добро момче и покрај тоа што ги прави работите на невообичаен начин. Сепак, таа е загрижена дека тој ќе ѝ приреди уште некоја непријатна ситуација и дека сака од него да слушне оти таа е жената на неговиот живот, но по првиот секс, а не пред тоа.

Адаптирано од: http://www.njuz.net