Кондоми што исчезнуваат неколку минути по сексот

08.12.2012 11:10
Кондоми што исчезнуваат неколку минути по сексот

Научници од Универзитетот во Вашингтон со помош на техниката електроспининг развиваат нова генерација кондоми за жени, кои ќе бидат направени од специјално прилагодени нановлакна.

Електроспинингот го користи електричното поле за да испрати млаз наелектризирана течност низ воздухот и така да креира тенки нитки на скалата на нанометарот. Со влакната може да се манипулира за да се контролира растворливоста, силата и обликот на материјалот.

Научниците со помош на оваа техника планираат да направат многу тенки кондоми направени од влакна и лекови. Лековите кои ќе се користат за време на производството на овие кондоми ќе ги спречуваат инфекциите со ХИВ, ќе овозможат заштита од многу сексуално преносливи болести и ќе го спречат движењето на сперматозоидите.

Кондомите ќе бидат дизајнирани така што целосно ќе се разградуваат и ќе исчезнат неколку минути по сексот. Жените ќе можат да ги ставаат дискретно, а ќе добијат одлична заштита.

„Повеќенаменската превентивна технологија, која истовремено штити од несакана бременост и сексуално преносливи болести, е глобален здравствен приоритет. Комбинирањето на хемиски и физички бариери создава огромен потенцијал за дизајнирање на ефективни повеќенаменски превентивни технологии. Меѓутоа, интеграцијата на двата функционални дела во еден уред е голем предизвик. Ние покажавме дека е можно да се креира материјал кој ќе претставува и хемиска и физичка бариера“, вели Ким Вудру, авторка на проектот.

За да ја усовршат оваа технологија, научниците неодамна добија финансиска помош од Бил и Мелинда Гејтс во износ од 1 милион долари.

Извор: www.popsci.com

ОкоБоли главаВицФото