Група хомофобични националшовинисти залутала на кошаркарски натпревар!

08.12.2012 17:54
Група хомофобични националшовинисти залутала на кошаркарски натпревар!

Изминатиов викенд се случи една од најконтроверзните епизоди во историјата на македонската кошарка, но и на спортското навивање во земјава воопшто. Имено, во рамките на осмото коло од Првата Кошаркарска Лига, на натпреварот помеѓу КК Центар и КК Аеродром, помала група од десетина навивачи се упатила кон празниот дел на трибината и започнала да пее навивачки песни кои содржат ксенофобични и националистички пораки. Во моментот кога останатиот дел од гледачите го забележале таквото скандирање, веднаш упатиле гласни свирежи кон помалата група навивачи како знак на неодобрување, но и згрозеност од ваквиот начин на навивање.

Меѓутоа, ваквата реакција само ја разлутило помалата група навивачи кои, овојпат, возвратиле со уште погласно пеење на веќе познатите „За Шиптари гасна комора“ и „Кој не скока, тој е педер“. На крајот, за среќа, крајно професионалната реакција на полицијата спречила да дојде до поголем инцидент меѓу двете навивачки групи, а натпреварот бил мирно приведен кон својот крај.

Во врска со овој инцидент, по завршувањето на натпреварот, побаравме изјава од еден од водачите на навивачката група Центар - Маријан Николовски, познат како Маци Рука.

„Иако одам на натпреварите на мојот омилен клуб уште од детството, вакво однесување никогаш немам видено. Не знам со каква цел овие навивачи, ако воопшто можат така да се наречат, доаѓаат на спортски натпревари кога местото не им е тука. Навистина не знам што да ви кажам...згрозен сум...сè уште треперам од нервоза поради фактот што група неодговорни луѓе дојдоа на овој натпревар и скандирајќи фашистички пароли, ги уништија спортскиот дух и крајно толерантната атмосфера која владее на спортските терени низ Македонија.

Од друга страна пак, водачот на навивачката група од населба Аеродром, Игор Михајловски – Скакавац изјави:

„Незнам како дојде до овој инцидент. Македонската политичка власт, но и сите политички партии веќе со години упатуваат пораки на мир, соживот и толеранција кон различните етнички групи во општеството, но и разбирање за различноста на сите малцинства, вклучувајќи ги и сексуалните. Сепак, не разбирам каква врска имаат овие работи со спортот, и зошто некои таканаречени навивачи сметаат дека подобро ќе го бодрат својот клуб ако пеат песни кои се насочени против некакви етнички групи, малцинства или слично. Ние како навивачка група целосно ги осудуваме овие шовинистички и хомофобични пораки, а на оние кои ги шират им порачуваме дека за нив никогаш нема да има место на нашата трибина.

Инаку, натпреварот кој беше во втор план поради овој немил инцидент, заврши со резултат од 67-74 за екипата на КК Ареодром