Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2012

11.12.2012 10:59
Пристигнати ракописи за наградата „Новите!“ 2012

Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ пристигнаа 16 прозни ракописи од исто толку авторки и автори.

Следниот понеделник (17 декември) ќе го објавиме списокот на автори кои ќе влезат во потесниот избор за доделување на наградата. Победникот ќе биде прогласен кон крајот на месецот.

Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.

1. Маја Велјанова: Со љубов, Фред
2. Миле Трајкоски: Последното писмо
3. Сузана Шалева: Големиот град
4. Даниел Карески: Валкана совест
5. Мартин Богатиноски - Годо те чека тебе
6. Мирчески Дејан: Кристалните јами на пропаста
7. Јована Матевска: Грациозниот лебед во понорите на Ад
8. Сања Бежовска: Приказни со почетоци и краеви
9. Александар Станојков: Некој друг нека пишува љубовни писма
10. Кристина Димовска: Светлината на Сатурната
11. Манчевски VI Волтер Ал Хаким: Face OF
12. M.: Низ призмата на љубовта
13. Лира: Шеш-беш
14. Ангелина Костова: Воздишка
15. Big Bang: Скица
16. Меланија Кожуварова: Сакање и осакатување

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка А. Д Скопје.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус, Ненад Јолдески, Иван Шопов и Хигсов Бозон.