10 причини зошто пратениците треба да се вратат во училишните клупи

12.12.2012 11:09
10 причини зошто пратениците треба да се вратат во училишните клупи

1. Затоа што во собраниската сала нема магарешка клупа!

2. Затоа што прават ужасни јазични грешки!

3. За да сфатат дека се поважни првенците на училиште од првенците во партијата!

4. Затоа што премногу ги загреваат пратеничките клупи, па постои опасност од поплава на демагогија!

5. Затоа што таму би можеле да лажат помалку граѓани!

6. Затоа што многу од нив се школски пример за необразованост!

7. Затоа што училиштето е дел од системот за образование, а на повеќето им недостасува барем половина образование: ОБРАЗ!

8. За да се потсетат дека и граѓаните кои што ги избрале имаат деца!

9. Затоа што ужинката на голем одмор е поевтина од сите нивни службени ручеци!

10. Затоа што многу од нив делуваат како никогаш да немале другарчиња, а училиштето е можност да ги стекнат!

Извор: marginalac.org
Слика: Jerry LoFaro
 

Слични содржини

Општество / Теорија
Општество / Европа / Свет
Општество / Европа / Став / Теорија
Општество / Став

ОкоБоли главаВицФото