Џулијан Асанж ќе основа партија

13.12.2012 12:02
Џулијан Асанж ќе основа партија

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, изјави дека има намера да се кандидира за пратеник на изборите кои ќе се одржат следната година во Австралија и најави дека ќе основа партија.

Асанж ја даде оваа изјава од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што живее во последните шест месеци, обидувајќи се да го избегне екстрадирањето во Шведска, каде што треба да се соочи со обвиненијата за сексуален напад и силување.

Тој стравува дека од Шведска ќе биде префрлен во САД, каде што би можело да му се суди за шпионажа, поради објавувањето на доверливите американски дипломатски депеши.

Асанж изјави дека плановите да регистрира политичка партија „значително напредувале“, како и дека одреден број луѓе омилени меѓу австралиската јавност, се подготвени да се кандидираат на листите на партијата.

Извор: guardian.co.uk

Слични содржини

Активизам / Свет

ОкоБоли главаВицФото