1018 hPa
72 %
13 °C
Скопје - Нед, 16.08.2026 06:21

На Галина Николаевна Леман-Соколова
За да ме стоплиш, ти ладна Галина,
во центарот на малечката зима,
на к’нки денот со тебе ќе го минам,
на лизгалиштето и нас ќе нè има.
Ти Галина, многу лекичко лизгаш
при кревање сал тежок е срамот:
затоа поседи си, немој да го дигаш-
твоето главче од моето рамо.
Јас пак, се лизгам безобразно,
сринувам муцка, ми отекува око;
а ти, мила, лебдиш така мазно
гордо и прекрасно - како сокол.
Препев: Љубомир Бочваров
Слика: Judy Nigh