1006 hPa
100 %
9 °C
Скопје - Пет, 05.12.2025 19:59

Младиот Американец Зак Ходскинс кој има само една рака, игра кошарка на позиција бек за средното училиште Милтон во Џорџија.
Иако има само една рака, Ходскинс е далеку од играч кој треба да го потценувате - за три поени шутира со прецизност од над 60%, а неодамна на еден натпревар погоди и седум тројки од десет обиди.
Тој е инспирација за сите луѓе со каков било вид хендикеп, но и опомена за сите здрави кои ги потценуваат хендикепираните.
На видеото подолу може да видите како Ходскинс игра кошарка.