Меме конкурс за Скопје 2014 во чест на Марко Кабранов

17.12.2012 10:28
Меме конкурс за Скопје 2014 во чест на Марко Кабранов

Фондацијата „Марко Кабранов“ во соработка со школата за странски јазици „Каста Дива“ и здружението „Плоштад Слобода” и оваа година го одбележува ликот и делото на починатиот активист Марко Кабранов со интернет конкурс за изработка на Меме (сатирично графичко решение со текст и слика) на темата „Скопје 2014“. Фондацијата и нејзините соработници ќе доделат парични и вредносни награди (5000 денари и едногодишна школарина за странски јазик) за најдобрите и најпопуларните дела.

Наградата ваучер за бесплатно едногодишно изучување на странски јазик во студиото “Каста Дива” ќе се додели на најдоброто меме избрано од жири комисија составена од основачите на фондот, а паричната награда од 5 000 денари ќе се додели на мемето со најголем број на лајкови на libertas.mk/meme2014. Конкурсот трае од 16 до 19 декември. Гласањето е на 20 декември.

Во конкурсот учествуваат мемиња поставени на официјалната Facebook страница на конкурсот, испратени до fondmarkokabranov@gmail.com или објавени со официјалниот хаштаг на конкурсот, #meme2014. Паричната награда ќе се додели по истекувањето на рокот и пребројувањето на гласовите, а ваучерот неколку дена подоцна.

Марко Кабранов е градски активист и основач на „Плоштад Слобода” кој несреќно загина на 27 годишна возраст. Фондот во негово сеќавање секоја година ќе наградува локални млади активисти. Минатата година на есеј-конкурс беше доделена една награда ваучер за изучување на странски јазик, а оваа година наградниот фонд е збогатен и со уште една парична награда.

Студиото „Каста Дива“ е единствениот специјализиран центар за изучување на шпанскиот јазик во Македонија, акредитиран од Институтот Сервантес како Испитен центар за добивање на меѓународно признатата диплома по шпански јазик DELE. Уште од своето отворање функционира како Шпански културен центар, каде што можете да се информирате за сè во врска со хиспанската култура.

Во студиото, покрај шпанскиот, се изучуваат и италијанскиот, францускиот, турскиот и грчкиот јазик.

За повеќе информации за конкурсот или испраќање идејни решенија, посетете ги:www.libertas.mk/meme2014, MEME2014 на Facebook или #meme2014 на Twitter.

КАКО ДА НАПРАВИТЕ МЕМЕ

За да направите добро меме, треба само да смислите добар краток текст и да го ставите врз слика. За среќа, не мора да знаете фотошоп за тоа. На линковите подолу можете да одберете генеричка слика, или да одберете некоја од сликите понудени од нас, директно да го впишете текстот, да ја подесите бојата и големината и да го направите мемето за помалку од 2 минути.

http://www.quickmeme.com/make/upload/?for=macro

http://www.mememaker.net/create/upload

http://memegenerator.net/create/generator

Откако ќе го изработите, испратете го на: fondmarkokabranov@gmail.com, MEME2014 на Facebook или #meme2014 на Twitter, и нашите администратори ќе го завршат останатото. Споделете го своето меме и поканете ги твоите пријатели да го гласаат или учествуваат со свои решенија.

ИЗБЕРЕТЕ ФОТОГРАФИЈА

Фотографиите кои можете да ги симнете на овој линк се наш избор на темата „Скопје2014“. Можете да ги користите за да направите меме или самите да најдете некоја подобра.

ПРАВИЛНИК ЗА КОНКУРСОТ МЕМЕ 2014

Секој има право да учествува со колку сака дела, без разлика на полот, возраста, верската или етничката припадност.

Конкурсот трае од 16-ти до 19-ти декември. Сите мемиња испратени подоцна нема да бидат земени предвид при одлуките за избор.

За да се учествува, потребно е да се испрати меме до fondmarkokabranov@gmail.com, или да се објави/испрати на официјалната Facebook страница на конкурсот, или објави под официјалниот хаштаг на Twitter #meme2014.

Фондот Марко Кабранов ќе додели 2 награди: (1) ваучер за едногодишно изучување на странски јазик(ци) – спонзорирано од училиштето за странски јазици Каста Дива – Скопје и (2) парична награда од 5000 денари – спонзорирано од Плоштад Слобода.

Наградата (1) ќе се додели според одлука на жири комисија составена од основачите на фондот. Наградата (2) ќе биде доделена на мемето со најголем број на лајкови на официјалната страница на конкурсот.

Само мемињата објавени на libertas.mk ќе бидат внесени во официјалната конкуренција на конкурсот.

Фондот МК не е одговорен за евентуалните злоупотреби на авторските права при изработката на мемињата. Целата одговорност паѓа на нивните изработувачи.

Мемињата што ќе користат говор на омаловажување, групни навреди, дискриминација и омраза ќе бидат отстранети од конкуренцијата.

Слични содржини

Активизам / Графички Дизајн / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Уметност / Настан
Општество / Активизам / Графички Дизајн
Активизам / Графички Дизајн

ОкоБоли главаВицФото