Музика од ѓубре

17.12.2012 12:30
Музика од ѓубре

Оваа топла човечка приказна ни доаѓа од Парагвај, поточно од главната депонија на парагвајската престолнина Асунсион. Ѓубрето од најголемиот дел на повеќе од два милиони жители од подрачјето на Асунсион завршува во Катеура, каде што многумина живеат на ѓубре и од ѓубре.

Приказната всушност е документарен филм за децата од Катеура, кои одат во музичка школа, а немаат ниту вистински инструменти, туку користат инструменти изработени од ѓубре. Сепак, тоа не ги спречува да свират маестрална музика. За многу кратко време трејлерот на филмот ги освои социјалните мрежи и стана хит во светот.

Само неколку километри по воздушна линија од дотераното средиште на парагвајската престолнина, постои еден изолиран свет сам за себе. Околу стотиците тони отпад се нанижани главно мали куќички, а жителите на тој гетоизиран дел имаат необичен начин на кој ја изразуваат љубовта кон музиката.

Приказната за таа нивна необична навика го обиколи светот уште пред четири години, кога стотици инструменти во Катеура, изведувајќи го Георг Фридрих Хендл, го надлгасија лаежот на кучињата и татнежот на ѓубреџиските камиони. Виновникот за тоа е Луис Саран, светски познатиот диригент, кој основаше музичка школа во најсиромашниот дел на Парагвај, земја во која една третина од вкупно шесте милиони жители преживува со помалку од 1,5 евра дневно. За целава приказна, Греам Таунсли го сними документарниот филм Landfill Harmonic, а подолу може да го погледнете трејлерот од филмот.

Извор: lupiga.com

ОкоБоли главаВицФото