Новогодишен Саем на книги во ГЕМ клубот, 21-29 декември 2012

17.12.2012 13:23
Новогодишен Саем на книги во ГЕМ клубот, 21-29 декември 2012

Од издавачите учествуваат: Темплум, Или Или, Магор, Блесок, Сигма Прес, Слово, Табахон, Евро Балкан Прес, Бегемот и Готен.

Работното време на Саемот е од 10 до 21.30 часот (освен во недела кога Саемот ќе почне да работи во 15 часот).

Програма

сабота 22, 19.30 ч.
промоција на списанието Маргина 88
разговор на тема: Заглавени меѓу времињата; Македонија во деведесеттите
учесници: Никола Гелевски, Јасна Котеска, Весна Томовска, Бојан Иванов

недела 23, 19.30 ч.
Промоција на книгата „Атом и Ева“ од Бранко Прља и мало изненадување за публиката; промотер: Роберт Алаѓозовски

понеделник 24, 19.30 ч.
Читање на рубриката Паравести од порталот Окно
Учествуваат: Алек Кузмановски, Ана Голејшка, Спикер Харизмов и други...

вторник, 25, 20.00 ч.
Промоција на две нови книги:
Иван Шопов - Меше на годината; Ненад Јолдески - Секој со своето езеро; средба и разговор со авторите

среда, 26, 18.00 ч.
Проекција на филмот „Дипломец“ и промоција на истоимениот роман

четврток, 27, 19:00 ч.
Проекција на филмот „Лужиновата одбрана“, снимен според истоимениот роман на Владимир Набоков

петок, 28, 12.00 ч.
Доделување на наградата „Новите!“ за 2012 година

19.30 ч.

Перформативен настан конципиран од Ивана Васева, Филип Јовановски и Јованка Попова, инициран од просторната инсталација „За независните – Според вистински приказни“, авторски проект на Христина Иваноска и Јане Чаловски

Учесници: Ивана Драгшиќ, Велимир Жерновски, Кристина Леловац, Никола Писарев, Мирко Попов, Игор Тошевски

сабота, 29, од 15 до 21.00 ч.
Заедничко пишување и цртање на разгледници;
промоција на разгледниците „Поздрав од СК014“ од Свирачиња

Слика: Ване Костуранов

ОкоБоли главаВицФото