Човечки зоолошки градини од почетокот на XX век

18.12.2012 09:30
Човечки зоолошки од почетокот на 20. век

Во текот на еден од најмрачните периоди на човековата историја, интелектуалците екстензивно размислувале за тоа каде да ја постават границата меѓу човекот и животното. Тие хиерархиски ги подредувале луѓето, од најсветлата до најтемната боја на кожа. Бидејќи верувале дека Африканците личат на мајмуни, се двоумеле дали мајмуните да ги сметаат за луѓе или Африканците за мајмуни.

Еден од артефактите на овој начин на размислување е „човечката зоолошка градина“. Киднапирани од нивните домови кон крајот на XIX век и почетокот на XX век, стотици домородци биле изложувани на Западот како куриозитетни експонати. „Често биле изложувани во села изградени во рамки на зоолошките градини, токму поради снегот. Но, исто така, биле присилувани да изведуваат на сцена само за да ги забавуваат посетителите“, пренесува Spiegel Online. Најголем дел од нив по кратко време умирале, бидејќи биле изложени на болести што им биле непознати.

(горе) Група заробеници од Шри Ланка (во тоа време била нарекувана Цејлон).

Оваа фотографија документира шоу наречено „Les Indes“, каде што изведувачи биле заробениците од Индија.

Овие заробеници се од Оромо во Етиопија.

Еден Германец, Карл Хагенбек, бил меѓу најпознатите луѓе во работата со човечките зоолошки. Тој патувал со експедициите во непознатите далечни земји и носел назад и животни и луѓе, за збогатување на европските колекции. Во неговите мемоари, со гордост ја опишува својата дејност: „Ми претставуваше огромна привилегија да бидам првиот во цивилизираниот свет што ги овозможи овие претстави на различните раси“. Зоолошката градина во Хамбург уште го носи неговото име.

Извор: thesocietypages.org

ОкоБоли главаВицФото