1006 hPa
81 %
5 °C
Скопје - Пет, 23.01.2026 11:59

Иранско-австрискиот уметник Јадегар Азизи го поминал детството во Источна Германија и со својата нова уметничка инсталација говори за поделената Германија во втората половина на XX век. Неговата кружна инсталација „Ѕид“ (Die Mauer) е своевиден омаж на Берлинскиот ѕид и е поставена на преминот „Checkpoint Charlie“ кој претставува најпрометен премин помеѓу двете Германии.
Неговата инсталација е поставена кон крајот на септември, но последните месеци се забележува поголем интерес со доаѓањето на бројните туристи, не само од Германија, туку од цела Европа.

Кружниот ѕид од 360 степени е висок петнаесет и долг шеесет метри, а е прекриен со бројни фотографии кои сведочат за животот во поделената Германија.
Билетите за влез меѓу ѕидините може да се купат по цена од 5 евра за деца и 10 за возрасни.
Извор: bbc.co.uk