
Партијата CIU и опозиционата ERC кои се залагаат за независност, постигнаа договор за организирање референдум за самоопределување на Каталонија во 2014 година.
Портпаролите на двете партии во вторник навечер им пренесоа на новинарите дека партиите се договориле да се свика референдум во 2014, но дека истиот може да биде одложен ако има причини.
„Одлучивме за датумот, се согласивме за 2014 година, но постои анекс од тој договор кој наведува дека во случај на виша сила може да се одложи референдумот“, изјави портпаролот на ERC Серхио Соле.
Меѓутоа, тој додаде дека единствената причина поради која би можел да се одложи референдумот е „ако падне атомска бомба“.
Каталонија има 7,5 милиони жители, што е 16% од населенето на Шпанија, а опфаќа 19% од националната економија. Меѓутоа, ретко кој сфаќа дека за овој регион, познат по трговијата и туризмот, отцепувањето од Шпанија би значело исклучување од ЕУ, а со тоа и пречка за работење со најзначајните економски партнери.
Извор: http://en.europeonline-magazine.eu