Меѓународен ден на човечката солидарност

20.12.2012 16:13
Меѓународен ден на солидарност

Денешниот ден, 20 декември, е Меѓународен ден на човечката солидарност. Институтот за социјална демократија „Прогрес“, по тој повод, подготви анализа на состојбите на лицата со посебни потреби во РМ:

„Достоинствен живот за лицата со посебни потреби“

Иако во Република Македонија има околу 90,000 лица со посебни потреби тие добиваат внимание најчесто само на 3 декември, меѓународниот ден на лицата со хендикеп. На меѓународниот ден на човечка солидарност, најмалку што може да направиме е да не ги заборавиме овие лица и да се заложиме за нивните потреби.

Лицата со хендикеп во Република Македонија сеуште се соочуваат со архитектонски бариери. Тие се социјално исклучени и маргинализирани. Законот за здравствена заштита не им овозможува целосна заштита, посебно во однос на ортопедските помагала, додека со воведувањето на данокот на додадена вредност во 2000 година значително се намалија нивните бенефиции.

Средствата кои лицата со посебни потреби ги добиваат за помош од друго лице, детски додаток, и помош за телесно оштетување се повеќе симболични отколку корисни. Законот за вработување на лица со посебни потреби дава можности, но во пракса често има злоупотреби од страна на работодавците.

Моменталната слика на лицата со хендикеп во Република Македонија мора суштински да се промени. За тоа е потребна неодложна акција за целокупна афирмација, социјализација и подобрување на животниот стандард на лицата со хендикеп, од сите граѓани, но пред сè од надлежните јавни институции.

 

ПрилогГолемина
Преземи146.22 KB