Промоција на книгата „Атом&Ева“ од Бранко Прља

22.12.2012 10:31
Промоција на книгата „Атом&Ева“ од Бранко Прља

На 23.12.2012 (недела) во рамки на новогодишниот саем во клубот ГЕМ ќе се одржи промоција на „Атом&Ева“, новата книга на Бранко Прља.

Промотер: Роберт Алаѓозовски

„Атом и Ева, историја на една материјалистичка љубов“ е четврта книга од едицијата Астро Гном на Бранко Прља за издавачката куќа Готен.

Се работи за серија книги со едукативна содржина пренесена на неконвенционален начин во жанрот кој авторот го нарекува „едукативна проза“. Идејата на едицијата Астро Гном е да ја популаризира науката на забавен начин преку играта, хуморот, алузијата, измислените вести, дијалозиte, малите драми и раскази преплетени со научните факти.

Извадок од предговорот на книгата:

Адам и Ева се пар на мисија! Ако успеат да го создадат материјалистичкиот свет заснован на принципите на атомизмот на Земјата нивниот господар ќе биде задоволен и можеби ќе им дозволи да се вратат во рајот од кој биле протерани.

Но, тоа нема да биде лесна задача!

ОкоБоли главаВицФото