1039 hPa
75 %
2 °C
Скопје - Чет, 16.01.2025 22:59
Советот за култура при СДСМ изразува најгорко жалење од прифаќањето на дел од уметничката и културната фела да биде инструмент во пресметката на власта со опозицијата. Не сакаме да помислиме дека власта најбезобѕирно ги уценува уметниците и културните работници од националните и другите буџетски установи терајќи ги да излезат на овој апсурден протест. Ние сметаме дека индивидуално естетско и интелектуално кредо на секој уметник треба да биде постојаниот критичен однос кон општеството и особено кон политиката. Уметниците се вечни незадоволници и совест на општеството и токму нивните визии за подобар свет го движат општеството напред.
За сите овие години на владеење, со исклучок на неколку парадни чинови, културниот живот и статусот на уметниците не се подобри. Министерството наметна апсолутна централизација и големите проекти самото ги спроведува. Уште постравично, главен учесник е во криминалниот и кичерски проект Скопје 2014. Македонската жива култура и проектите на уметниците се запоставени и тие нема да бидат приоритет ниту во наредната година.
Затоа сметаме дека е недостоинствено да се биде дел од таа Потемкинова циркусијада на актуелната власт, која под присила ги организира своите членови на „спонтани“ собири против опозицијата.
СОВЕТ ЗА КУЛТУРА ПРИ СДСМ
Слика: Свирачиња