
Во рамки на новогодишниот саем на книги во клубот ГЕМ, на 24 декември (понеделник) во 19:30 часот ќе се одржи читање на содржини од рубриката Пара вести на Окно.
Учествуваат: Ана Голејшка, Алек Кузмановски, Спикер Харизмов, Бранко Прља (via Спикер Харизмов) и Лукац Репортерски.
Вестите се гарантирано поинтересни и поквалитетни од оние што имате прилика да ги прочитате во весниците и да ги слушнете на телевизиите.
Ако е вест, нека е пара вест!