За љубовта

25.12.2012 09:13
За љубовта

Ништо не е полесно да се изложи на подбив одошто љубовта. Всушност, нејзината несреќа е во тоа што мора да се пројавува преку нас, ломни, грди, смешни, страшливи, мизерни.

А колку е сериозна таа нас таквите, кога ја следиме со внатрешен поглед, кога го осветлува нашето внатрешно битие со радост или го сенчи со тага!

Ништо посериозно од љубовта не суштествува, ништо што би го оправдало повеќе самото наше суштествување.
Што е таа заробеница?

Човек скоро би сакал да ја замисли како некаква сушност, независна од него и што се вовлекува во него во недостиг на поарно живеалиште.

Тогаш таа почнува да го преозбразува тој брлог.

Таа ги распоредува частиците на нашето тело спрема еден непознат пол во Вселената. Повеќе од сè друго таа е наш говор со Вселената, насетување на нејзините длабочини.

Се заштитуваме со разумот и со должноста, а зар е тоа доволна причина да се наруши таа чудесна молитва?

Фотографија: Andrew Paranavitana

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото