Скандалозна репортажа на Daily Mail за „Циганите“

25.12.2012 11:28
Скандалозна репортажа на Daily Mail за „Циганите“

За време на криза, често се случува населението на една земја да се сврти против „другите“ и „поинаквите“ и да ги прикаже како паразити, како проблем поради кој нема работа и пари. Еве како го направи тоа британскиот таблоид Daily Mail во исклучително шовинистичката „репортажа за предупредување“ за доаѓањето на Ромите во Велика Британија за една година.

Имено, тогаш државата ќе мора да се придржува до европските права за слобода на движењето и да ги либерализира правилата за имиграција и труд за Бугарите и Романците. До сега, како што е познато од медиумите, жителите од тие земји кои доаѓаа на Островот, служеа како евтина и незаштитена работна сила, оставена надвор од законот.

Во репортажата од еден ромски кварт на Софија, репортерите на Daily Mail ги опишуваат бедните услови во кои луѓето таму живеат, со заклучок дека „не е чудо“ што едвај чекаат да се преселат во Велика Британија, каде што ќе можат да живеат, работат и да бараат привилегии.

Поплава од доселеници

Весникот наведува податок дека од 2004 година од Источна Европа во Британија стигнале 1.114.368 имигранти, но „ова не е ништо во споредба со поплавата од доселеници која се очекува кога ќе се направи промената за една година“.

Дојденците веќе ја резервирале за себе индустријата за миење автомобили, а на Ромите им припаѓа продажбата на повеќе од една третина од сите броеви на Big Issue - „магазин создаден за помош на британските бездомници“ - стои во статијата.

„Бугарските и романските доселеници полицијата во нивните земји, како и британската полиција, ги обвинува за масовниот пораст на организран криминал, вклучувајќи и трговија со деца во Британија кои треба да просат, ограбуваат и да ги молзат државните привилегии, дури и да се проституираат“, пишува Daily Mail.

Деца за криминал

Се наведува и податокот на Скотланд Јард дека едно вешто дете-разбојник може да заработи сто илјади фунти со кражба на улиците и во јавниот превоз во Лондон, што е „готовина која може да се испрати во ромските села и градови дома“, а понатаму пишува дека децата во ромските населби во Бугарија и Романија ги оспособуваат за криминал.

Инаку, Британија не е единствена земја која е должна од почетокот на 2014 да ги укине ограничувањата за работниците со статус А2 од Бугарија и Романија. Тоа им е наметнато и на Австрија, Германија, Белгија, франција и Холандија.

Експлоатација, опасни работи

Во последните пет години, како што покажува истражувањето на Balkan Investigative Reporting Network (BIRN), Министерството за труд и пензиско осигурување регистрирало дека околу 210.000 Романци и Бугари имаат број од националното осигурување, додека Полјаците добиле околу 640.000 такви броеви. Во последните десет години, на Полјаците им се одобрени повеќе од еден милион броеви.

Останатите доселеници се „илегалци“ кои можат да бидат казнети со илјада фунтаи, а најчесто преживуваат најцрни облици на експлоатација. Работат главно во физички најопасниот сектор - градежништвото, кој сочинува 10% од британскиот БДП. Без уреден работен статус, платени се под нивото на минималната плата, а кога доаѓа до повреди, често се случува да не ги пријавуваат поради опасноста од отказ и депортација, па дури и затворска казна поради работа на црно.

„Има и пристојни меѓу нив“

Сепак, таблоидот не се занимава со оваа слика на ограничување на слободата на движење на работниците, само признава дека и во ромските населби има „пристојни луѓе“.

Како пример е земен поранешниот боксер, бугарскиот Ром Боби Џорџ, кој бил водач на репортерите низ ромската населба, а пред десет години се преселил во Британија со семејството и има статус на самовработен.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото