10 стратегии за манипулирање со народот

26.12.2012 12:18
10 стратегии за манипулирање со народот

1. Пренасочување на вниманието

Вниманието на јавноста треба да се пренасочи од важните на неважните проблеми. Да се преплави јавноста со неважни информации, за луѓето да не размислуваат и да не стекнат основни сознанија за разбирање на светот.

2. Создавање проблеми

Овој метод се нарекува и „проблем-реакција-решение“. Треба да се создаде проблем, за дел од јавноста да реагира на него. На пример, да се предизвика насилство со намера јавноста полесно да го прифати ограничувањето на слободата, економската криза или за да се оправда уривањето на социјалната држава.

3. Постапност на промените

За јавноста да се согласи на некоја неприфатлива мерка, таа треба да се воведува постепено, „на лажичка“, со месеци и години. Промените, кои би можеле да предизвикаат отпор, ако бидат изведени одеднаш и во краток временски период, треба да бидат спроведени со политика на мали чекори. Така светот се менува со тек на време, а тоа не ја буди свеста за промената.

4. Одложување

Уште еден начин за подготвување на јавноста на непопуларни промени е тие да се најавуваат многу порано, однапред. Така луѓето не ја чувствуваат одеднаш целата тежина на промената, зашто претходно се привикнуваат на самата идеја за промена. Освен тоа, и „заедничката надеж за подобра иднина“ го олеснува нивното прифаќање.

5. Употреба на детски јазик

Кога на возрасните им се обраќате како што се зборува со деца, постигнувате два корисни ефекти: јавноста ја потиснува својата критичка свест и пораката има посилно дејство врз луѓето. Тој сугестивен механизам во голема мера се користи и во рекламирањето.

6. Будење на емоциите

Злоупотребата на емоциите е класична техника, која се користи за предизвикување краток спој при разумното расудување. Критичката свест ја заменуваат емотивни импулси (бес, страв итн.). Употребата на емотивниот регистар овозможува пристап до несвесното, па подоцна е можно на тоа ниво да се спроведат идеи, желби, грижи, страв или принуда, или пак да се предизвика одредено однесување.

7. Незнаење

На сиромашните слоеви треба да им се оневозможи пристап до механизмите на разбирање на манипулациите, со нивна согласност. Квалитетот на образованието на пониските општествени слоеви треба да биде што послаб или под просекот, за јазот помеѓу образованието на високите и ниските слоеви да остане непремостлив.

8. Величење на глупоста

Јавноста треба да се поттикнува да ја прифати просечноста. Потребно е да ги убедите луѓето дека е (ин, во мода) пожелно да се биде глупав, вулгарен и неук. Истовремено, треба да предизвикате отпор кон културата и науката.

9. Создавање чувство на вина

Треба да го убедите секој поединец дека тој и само тој е одговорен за сопствената несреќа, поради оскудното знаење, ограничените способности или недоволниот труд. Така несигурниот и потценет поединец, оптоварен со чувство на вина, ќе отстапи од барање на вистинските причини за својата состојба и побуната против економскиот систем.

10. Злоупотреба на знаењето

Брзиот развој на науката во последните педесет години создава растечка провалија помеѓу знаењето на јавноста и оние кои го поседуваат и користат, владејачките елити. „Системот“, благодарение на биологијата, невробиологијата и практичната психологија, има пристап до напредно знаење за човекот и на физички и на психички план.