Без да се срами, гледал секси сцена во друштво на своите родители

26.12.2012 16:50
Без да се срами, гледал секси сцена во друштво на своите родители

Скопје, 26 декември 2012 година

Р.М (16) од Скопје, вчера гледал филмска секси сцена во друштво на своите родители. Тој не бил подготвен за такво нешто, па затоа морал да се однесува како ништо да не се случува. Имено, тој гледал филмска секси сцена од филмот “Eyes wide shut” во присуство на своите родители.

-Не се надевав дека може да ми се случи такво нешто, изјави тој. Кога татко ми ме викна да гледаме филм мислев дека станува збор за некоја нормална акција со пукање, тепање и еден куп жртви, но го видов Том Круз и веднаш знаев за кој филм станува збор.

Тој вели дека и претходно му се случило да се најде во таква ситуација и да гледа филмски сцени со секс со своите родители, но дека за прв пат не му било срам, затоа што филмот се класификува како „уметнички“, без разлика на тоа што станува збор за сцена во која има насилна оргија.

Овој средношколец рече дека го „скршил мразот“ и дека во иднина нема да има проблеми со родителите да гледа вакви филмски сцени. Тој е среќен што веќе следната вечер ќе го гледа филмот “Brokeback Mountain”, за кој слушнал дека исто така има неколку „уметнички сцени“.

Адаптирано од: http://www.njuz.net