Снегулки под микроскоп

27.12.2012 11:37
Снегулки под микроскоп

Ако некогаш сте се прашувале како навистина изгледаат снегулките, погледнете ги овие слики од Electron Microscopy Unit од Истражувачкиот центар за земјоделство во Белтсвил, Мериленд.

На ЕМУ, каде што научниците се фокусираат на разни патогени и опасни бактерии, „истражувањето на снегот и проучувањето на неговата структура е важно за повеќе области во науката како и за некои активности кои што влијаат врз секојдневниот живот на човекот“.

Несомнено дека е така. Но, за оние што не се научници, структурата на снегот е интересна едноставно поради тоа што е убава. Ако спаѓате во вторава група, сигурно ќе уживате во сликите подолу.

Извор: www.wired.com