Проекција на филмот „Лужиновата одбрана“

27.12.2012 12:22
Проекција на филмот „Лужиновата одбрана“

Во рамки на новогодишниот саем на книги во клубот ГЕМ, на 27 декември (четврток) во 19:00 часот ќе се одржи проекција на филмот „Лужиновата одбрана“, снимен според истоимениот роман од Владимир Набоков.

Режија: Marleen Gorris

Главни улоги: John Turturro, Emily Watson, Geraldine James

Владимир Набоков за својот роман: „Од сите мои книги на руски, Лужиновата одбрана содржи и шири најголема ’топлина’ – што може да делува чудно со оглед на тоа колку се претпоставува дека шахот е врвот на апстрактното. Всушност, Лужин го сметаа за симпатичен дури и оние кои воопшто не се разбираат во шах и/или ги мразат сите мои други книги. Тој е несмасен, неизбањат, нехаризматичен – но како што мојата нежна млада дама (и самата мила девојка) толку брзо сфаќа, во него има нешто што ги надминува и грубоста на неговата сива опсценост и стерилноста на неговата скриена генијалност.“

Романот може да го набавите по промотивна, саемска цена.

ОкоБоли главаВицФото