
1.
Ме обесија. Без клун бев гракав.
Од бајат залак повеќе сакав.
2.
Ме обесија. Без трошка мака.
Од капка вода повеќе сакав.
3.
Ме обесија. Требаше така.
Од голтка воздух повеќе сакав.
*
Песната им е дупка во ветер.
Ветрот ја чува и ќе ја каже
на ветренца внуци. В пресрет му лета
подземно ехо
На секое грешно и алчно маже-
слушате ли Мијаци
слушате ли Брсјаци-
државската каса му купува јаже.
Песната е преземена од книгата „Евангелие по Итар Пејо“.
Слика: Виктор Иго