Македонска политичка програма на тој што доаѓа на власт
„Ако не Таче да го вратиме? Е, ако не Заев да го вратиме, а? Ако не па Грујо да го вратиме? А ако не па Бучко да го вратиме? Ако не Бране да го вратиме? Ако не па Љубчо да го вратиме?“
Со сигурност знаеме дека хомосапиенсот потекнува директно од македонскиот бел стаорец-итроман што пред 65 милиони години, кога умирале џиновските рептили, решил пар децении да престојува во своите подземни простории, во безбеден земјен меур. Кај македонскиот сапиенс тој меур со тек на времето еволуирал во ментален, во една сосем специјална дарба за неразбирање која обично ја нарекуваме глупост.