По новата година

02.01.2013 12:15
По новата година

Ноќеска милион петарди дупнаа
милион балони.
Внимаваме да не ги газиме
небаре се презервативи полни
со експлозив.
Омајни се овие првогодишни утрински
прошетки по празните глуви улици.
Само старци и заскитани славеници
кои го пијат првото утринско сонце
како живо јајце.
Ноќеска овде одбројуваа, си ги стругаа
лицата и се прскаа со надеж пенлива.
Ги имаше како зборови на буквата П
во речникот на мајчиниот.
Сега спијат како бебиња со шишенца
расол во лулките.
Се одмораат и цвеќињата и зимата,
и ората и зората, и сармите и дамите.
Се одмораат и градоначалникот и
првото рулче и телевизорот и докторот.
Само ние со дебели очи и траќни глочки
во потрага по отворена продавница.
Минуваме крај дрвјата со себојни
светлечки овошки,
крај иглите на зимзелените вденати во
бели влакна од брадите на црвените,
крај убави украсни хартии (веројатно)
нетрпеливо оттргнати од убави подароци,
крај таксист кој не се пали на палец,
крај единстената отворена продавница
од каде на крајот купуваме векна леб
и со неоправдана неугодност си ја
земаме малата паричка-кусур,
што можеби подоцна ќе ни се најде,
за во лепчето на Бадник.

01.01.1996.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото