Баба излобира забрана за вода во пластични шишиња во градот Конкорд

04.01.2013 09:02
Баба излобира забрана за вода во пластични шишиња во градот Конкорд

Градските власти на Конкорд во сојузната американска држава Масачусетс, донесоа нов закон со кој се забранува продажба на вода во мали пластични шишиња. Од Нова година, секое сервирање вода во вакви шишиња е незаконско, а со овој потег, се обидуваат да го зголемат користењето вода од чешма и со тоа да придонесат во решавање на проблемот со загадувањето.

Џин Хил, 84-годишнa активистка која ја осмисли оваа забрана, вели дека празните пластични шишиња ги преплавуваат отпадите, а компаниите заработуваат многу пари празнејќи ги чешмите и продавајќи ни вода што и сами можеме да си ја налееме и да потрошиме многу помалку.

Кога прв пат ќе биде прекршен законот, тој што продава вода ќе биде опоменат, за втор пат следи казна од 25 долари, а трет пат 50 долари.

Како што пренесува Би-Би-Си, дел од жителите на градот велат дека забраната е бесмислена бидејќи тие може да отидат и да купат вода во мали шишиња од соседните гратчиња. Меѓутоа, Хил е цврсто убеден во исправноста на новиот закон за чие донесување водеше тригодишна кампања.

„За да им помогнеме на луѓето да се променат треба да донесеме политики кои ќе ги одвраќаат од купување на вода во шишиња и ќе ги натераат да размислат за многуте други добри алтернативи“ вели Хил која била инспирирана од нејзините внуци кои раскажувале за огромниот остров од пластичен отпад што плови по Пацифичкиот Океан.

Крис Хоган, портпарол на Меѓународната асоцијација за вода во шишиња, вели дека се разочарани што мала група на индивидуалци донела одлука за забрана на продажбата на вода во шишиња во град од 17 илјади жители.

„Забраната ќе ги оневозможи жителите, студентите и туристите во нивните права како потрошувачи да направат здрав избор кога е во прашање освежувањето и хидратацијата. Исто така, ќе го лиши градот од даночниот прилив и ќе им наштети на локалните бизниси кои се засноваат на продажбата на флаширана вода“ изјави Хоган.

Тој посочи дека Асоцијацијата како одговор „ќе чува сите можни опции на маса со цел да го поддржи правото на потрошувачите да ја остварат својата слобода на избор“.

Конкорд сепак не е прв град во светот кој се одлучува на ваква мерка за да ги намали количините на пластичен отпад. Градот Бунданун во Австралија воведе целосна забрана за вода во платични шишиња уште во 2009 година, а истото го направија и повеќе од 90 универзитети во САД.

Актвистите велат дека Американците годишно купуваат околу 50 милиони мали пластични шишиња вода. Од друга страна пак, и компаниите кои ја продаваат водата се правдаат дека малите шишиња се важни за модерниот начин на живот и ги охрабруваат луѓето да живеат на поздрав начин.

Извор: www.greenbox.com.mk

ОкоБоли главаВицФото