1020 hPa
47 %
13 °C
Скопје - Пет, 13.03.2026 11:59

Интернет енциклопедијата Википедија ги објави податоците за најбараните поими на своите страници, кои откриваат дека статијата за социјалната мрежа Фејсбук е најпопуларна меѓу читателите на содржини на англиски јазик.
Извештајот укажува на интересни разлики во интересот на читателите на текстовите на различни јазици.
Така, меѓу текстовите на јапонски најпопуларна е статијата за една актерка од филмовите за возрасни, додека кинеската планина Хуа Шан е најбаран поим меѓу читателите на холандски јазик. На оваа планина, наводно, се наоѓа „најопасната патека за шетање“.
Податоците ги објави шведскиот софтверски инженер Јохан Гунарсон во рамки на проектот за трендовите на Википедија. најчитана статија на шведскиот огранок на Википедија е токму текстот за неговата земја.
Читателите кои користат персиски јазик најмногу читале статии за Иран, неговиот главен град Техеран и прославата на Нова година во исламската република. Популарни се и поимите за обрежување на жените и хомосексуалноста.
Спортот им бил најинтересен на читателите на индонезиското издание на Википедија, а фудбалот, одбојката и кошарката влегоа меѓу седумте најбарани поими на таа листа.
Итаија е најопседната со американската телевизија. Во 2012, најчитани биле текстовите за ТВ сериите „Grey's Anatomy“, „Gossip Girl“ и „The Vampire Diaries“.
На руската Википедија, најпопуларна е статијата за оваа земја, а потоа следи текстот за веб сајтот Јутјуб. Значајно место на листата заземаат и поимите „порно сајт“ и „невработеност“.
Меѓу необичните резултати е популарноста на знакот @, кој зазема второ место на листата на шпанската Википедија и третото место на поимот „Европски регионален фонд за развој“ на полската листа.
Целосната листа на најбарани поими на Википедија може да ја погледнете овде.