Група кинески новинари во борба против цензурата

07.01.2013 11:28
Група кинески новинари во борба против цензурата

Група кинески новинари отворено се спротивстави на локалниот шеф на комунистичката партија за пропаганда, барајќи негова оставка поради промената на воведникот во весникот „Јужен неделник“.

Во реткото спротивставување на цензурата, во провинцијата Гуангдунг 60 новинари на весникот се пожалиле дека воведникот во новогодишното издание, во кое се повикувало на политички реформи, без согласност на уредништвото е променет во пофалба на Комунистичката партија.

Друга група од 35 поранешни новинари на весникот побарала оставка од партискиот шеф за пропаганда, Туо Џен, кого го сметаат за лично одговорен за промената. Според новинарите, тој го донел најмрачниот период во последните три децении.

Новинарите истакнуваат дека силните и кредибилни медиуми се од суштинска важност за земјата и дури потребни за владејачката партија.

„Доколку медиумите го изгубат кредибилитетот и значењето, тогаш како владејачката партија ќе направи да се чуе нејзиниот глас и како ќе го убеди својот народ“, наведено е во нивното писмо.

Во воведниот дел од весникот, зборовите „Кинескиот сон е сон за владеење на Уставот“ прво се ублажени, во вообичаниот процес кој е дел од автоцензурата, со делумна консултација со партиските цензори. Меѓутоа, внесени се и дополнителни промени без знаење на уредникот: во конечната верзија пишувало дека кинескиот сон за ренесанса е поблиску од кога било, благодарение на лидерите на Комунистичката партија.

Извор: e-novine

ОкоБоли главаВицФото