Како ФБИ го задуши движењето Окупирај

08.01.2013 09:44
Како ФБИ го задуши движењето Окупирај

Било покомплексно отколку што замислувавме: новите документи покажуваат дека насилното задушување на движењето Occupy од минатата есен - во тоа време толку мистифицирано - не било само координирано на ниво на ФБИ, Министерството за државна безбедност (DHS) и локалната полиција. Задушувањето, кое вклучуваше, ако се сеќавате, насилни апсења, разбивање групи, испалување солзавец во главите на демонстрантите, луѓе кои беа држени со лисици толку стегнати што имаа рани, луѓе кои се држени во синџири додека не се приморани да се помочаат и посерат - e координирано со големите банки.

Фондот Партнерство за граѓанска правда, во ексклузивниот материјал кој уште еднаш би требало да ги засрами големите медиумски куќи од САД (зошто непрофитните организации денес се единствените преостанати ентитети во Америка кои објавуваат важни вести за граѓанските слободи?), го поднесе ова барање. Документот - репродуциран овде во формат кој овозможува едноставно пребарување - покажува застрашувачка мрежа на координација на DHS, ФБИ, полицијата, регионалните фузиони центри, и активностите на приватниот сектор кои се толку стопени едни со други што претставуваат монструозна целина, всушност, еден ентитет: во некои случаи носи едно име, Domestic Security Alliance Council. И тој открива дека овој сојуз има една централно планирана, локално извршена мисија. Накусо, документите покажуваат дека џандарите и DHS работат за и со банките за да ги лоцираат, уапсат и политички онеспособат мирољубивите американски граѓан(к)и.

Документите, објавени со големо задоцнување во неделата пред Божиќ и Новa година, покажуваат национална завера која се одвива од град до град во орвеловски свет: шест американски универзитети се местата на кои полицијата од кампусите собирала информации за студентите кои биле вклучени во Окупирај го Волстрит и ги проследувала до ФБИ, со знаење на управата; банките се состанувале со официјалните лица на ФБИ за да собираат информации за учесниците на протестите Окупирај го Волстрит кои ги собирало приватното обезбедување; плановите да се разбијат акциите на OWS, планирани со месеци однапред, ги направилo ФБИ и им ги понудилo на претставниците на истите организации кои ќе бидат мета на протестите; дури и заканите за убиство на лидерот на OWS од снајпер - од страна на кого? Каде? - останаа неоткриени за оние американски граѓани кои се во опасност, што е спротивно на стандардната пракса на ФБИ да го информира лицето на кое тоа се однесува, тогаш кога постои опасност против одреден политички лидер.

Како што рече Мара Верхејден-Хилијард, извршна директорка на PCJF, документите покажуваат дека од почетокот, ФБИ - иако признава дека движењето Окупирај, всушност било мирољубива организација - наспроти тоа постојано го нарекувало „терористичка закана“: „Документите на ФБИ кои штотуку ги доби фондот Партнерство за граѓанска правда (PCJF)... откриваат дека од неговото основање, ФБИ го третирало движењето Окупирај како потенцијална криминална и терористичка закана... PCFJ доби многу докумeнти кои покажуваат дека канцелариите и агентите на ФБИ ширум земјата интензивно спроведувале надзор на движењето дури и во август 2011, еден месец пред подигањето на кампот OWS во паркот Зукоти и другите акции на движењето Окупирај ширум земјата.“

Верхејден-Хилијард го истакнува блиското партнерство на банките, њујоршките берзи и барем една локална филијала на Федералните резерви со ФБИ и DHS, и го нарекува тоа „полициски етатизам“: „Ова објавување [на документите] за кое веруваме дека е само врв на ледениот брег, ни дава увид во обемот на надзорот, следењето и составувањето извештај за мирољубивите демонстранти кои се организирале во рамките на OWS, од страна на ФБИ на национално ниво... Тие документи исто така покажуваат дека тие федерални агенции де факто функционирале како разузнувачки огранок на Волстрит и корпоративна Америка.“

Тие документи покажуваат застрашувачки опсег: во Денвер, Колорадо, тој огранок на ФБИ и „Работната група за банкарски измами“ се состанале во ноември 2011 - за време на протестите на движењето Окупирај - за да ја набљудуваат групата. Федералните резерви од Ричмонд, Вирџинија, имале свое приватно обезбедување кое ги надгледувало Occupy Tampa и Ветераните за мир од Тампа и проследувале приватно собрани информации за активистите назад во огранокот на ФБИ во Ричмонд, кој од своја страна ги класифицирал активностите на OWS како елемент на „домашен тероризам“. Во Анкораџ, Алјаска, „оперативната група за тероризам“ го надгледувала Окупирај го Анкораџ. Во Џексон, Мичиген, „здружената оперативна група за борба против тероризам“ објави „зголемен степен на борбена готовност за борба против тероризмот“ поради лошо организираните баби и студенти другата година од тамошното Окупирај. Исто така, во Џексон, Мичиген, ФБИ и „групата за безбедност на банките“ - повеќе приватни банки - се состанале за да размислат за реакција на National Bad Bank Sit-in Day (реакцијата, како што се сеќавате, беше насилна). Исто така, ФБИ од Вирџинија испратило податоци во врска со членовите на движењето Окупирај под закрила на својата „здружена оперативна група за борба против тероризмот“. И така натаму, на повеќе од сто страници.

Џејсон Леополд, пишува на Truthout.org, барал слични документи повеќе од една година и вели дека ФБИ во одговорот на неговите барања за овозможување увид во документацијата врз основа на Законот за слобода на информирањето лажно истакнало дека воопшто не постојат никакви документи кои имаат врска со нивната инфилтрација во Окупирај го Волстрит. Но, објавувањето [на документацијата] може да има стратешка природа: ако сте активист/ка на движењето Окупирај и гледате како информациите за вас им се испраќаат на оперативните сили за борба против тероризмот и фузионите центри, да не ги споменуваме „долгорочните планови“ на некои организирани групи да убиваат, овој документ е прилично застрашувачки.

Имаме нов заплет: стопувањето на приватниот сектор, DHS и ФБИ значи дека кој било од нас може да стане Викиликс, што Џулијан Асанж се обиде да го каже кога ја објаснуваше аргументацијата на која е заснована неговата нова книга. Фузијата на следење на парите и задушување на различното мислење значи дека огромната област на ранливост во граѓанското општество - доходовните текови на луѓето и финансиската евиденција - сега е цврсто во рацете на банките, кои, од своја страна, сега се во бизнисот на следење на вашето дисидентство.

Сетете се дека само 10% од парите кои се донирани на Викиликс можат да бидат процесуирани - поради финансискиот сектор и затоа што DHS ги има на мета податоците на PayPal. Со ова спојување, газењето на нечија лична или деловна финансиска слобода може да му се случи на секој од нас. Колку е непријатно и тешко криминализирањето и судскиот прогон на дисидентите. Колку е едноставно, наспроти тоа, само да се етикетира некој ентитет како „терористичка организација“ и да се отстрани, разбие или да се обвинат неговите извори на финансирање.

Зошто таков огромен притисок во правец на основање антитерористички „фузиони центри“, милитаризирање на полицијата од страна на DHS и така натаму? Овде никогаш не се работело за „терористи“. Тоа дури не се однесуваше ниту на граѓанските немири. Тоа отсекогаш се однесувало на овој миг, кога огромните злосторства би можеле да бидат откриени од страна на граѓаните, т.е. тоа секогаш се однесувало на тебе.

Извор: kontra-punkt.info

ОкоБоли главаВицФото