Брчките на Хавана

08.01.2013 19:29
Брчките на Хавана

Францускиот уметник кој работи под псевдонимот JR има нов проект, сместен во кубанската престолнина Хавана. На фасадите на главниот град на Куба, тој нацрта серија од 25 портрети на жителите на градот, наречена Брчките на градот.

Во соработка со американскиот уметник Хозе Парла, JR ги украси старите фасади со лицата на најстарите жители на градот, оние кои ја преживеале кубанската револуција, на тој начин давајќи им бесрмтен омаж.

Проектот доби и своја свечена завршница во двојазичната монографија која се занимава со комбинираните уметнички практики на JR и Парло, како и општественото влијание кое ова дело го има кај Кубанците. Книгата ги пренесува и животните искуства на старите луѓе насликани на фасадите и нивните сведоштва за турбулентните социо-културни промени.

Подолу може да погледнете дел од насликаните фасади.


Извор: www.200rooms.com

Слични содржини

Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност

ОкоБоли главаВицФото