1018 hPa
70 %

4 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 19:59
Стапката на невработеност во 17-члената еврозона во ноември 2012 пораснала на рекордни 11,8%, покажаа податоците на агенцијата за статистика Еуростат објавени во вторник.
Тоа е пораст во однос на пресметаните 11,7% во октомври, а бројот на невработени во еврозоната во која живеат околу 330 милиони жители сега изнесува 19 милиони - што е за два милиони повеќе во однос на ноември 2011, наведено е во соопштението на Еуростат.
Бројот на невработени во 27-члената Европска унија за прв пат од избивањето на финансиската криза надмина 26 милиони.
Соочена со проблеми во секторот за недвижности од 2008 година и ослабнувањето на домашните банки, Шпанија забележа најголема стапка на невработеност од сите европски земји од 26,6%, што е полошо дури и од Грција.
Според податоците на Еуростат, во ноември минатата година стапката на невработеност во САД изнесувала 7,8% а во Јапонија 4,1%.
Извор: www.huffingtonpost.com