Зошто жените гледаат порно филмови?

09.01.2013 11:03
Зошто жените гледаат порно филмови?

Жените гледаат порнографија. Тоа е банална, но голема вистина, што и порно индустријата долго време ја превидуваше. Истражувањето што уште во 2006 година го спроведе француската агенција IFOP, покажа дека 80% од испитаните жени гледаат порнографски содржини на интернет, повеќе од 50% од испитаничките тоа го прават кога се сами. Тоа е доволно голем број за индустријата во која се врти огромно количество пари да почне да се насочува и кон оваа целна група. Колку е голем бизнисот на порнографијата тешко е да се утврди прецизно, но приближните процени велат дека од 14 милијарди долари, колку што, според списанието Forbes, изнесуваше приходот на порнографијата само во САД во 2001 година, со експанзијата на интернетот, вкупната вредност уште во 2006 година надмина 97 милијарди долари. Тоа значи дека приходот од порнографијата е поголем од оној што го остваруваат огромните компании како Гугл, Мајкрософт и сл. Колку што е работата попрофитабилна, толку повеќе се вложува во неа, па така во почетокот на годината списанието Time објави истражување што покажа дека порно интернет страниците, некогаш најголем извор на компјутерски вируси, денес се најбезбедни и технолошки најсовремени.

Нема сомнеж дека интернетот беше клучниот фактор што ги промени нештата и ја направи порнографијата достапна за сите, па и за жените. Исто така, за ова придонесе и можноста анонимно да се стигне до дел од содржините.

Еден од најчестите начини на коишто во медиумите се проблематизира темата за жените и порнографијата е преку прашањето зошто жените гледаат порно филмови. На ова банално прашање не постои ниеден одговор подобар од: од истите причини поради кои гледаат и мажите. Површните новинарски анализи тврдат дека жените преферираат повеќе еротика, а не порнографија, и дека повеќе сакаат содржини во коишто не се сведува сè само на сексуален акт. Но, податоците и понатаму покажуваат дека жените на интернет не бараат еротика, туку – порнографија.

За да го објасниме феноменот на жените и порнографијата, најдобро е да разгледаме четири клучни појави во порно индустријата што се популарни меѓу женската публика.

Прекрасната агонија: една од таквите е интернет страницата Ifeelmyself.com. Страницата е основана од компанијата Beautiful Agony, односно од две личности што во 2003 година ја основаа интернет страницата bеautifulagony.com, на којашто корисниците можеа да закачуваат фотографии од своите лица, снимени во моментот на оргазам. I Feel Myself е збирка на видео записи на жени што мастурбираат во она опкружување во коешто се чувствуваат најпријатно. Се работи за HD снимки со врвен квалитет, со совршено осветлување и внимателно одбрана сценографија. Она што ги издвојува од останатите слични порно интернет страници е тоа што жените не се професионални порно глумици, туку обични жени што сакаат да учествуваат во ваков проект. Од друга страна, високата продукција и целокупниот пристап ги прават различни и од жанрот популарен во последните години – аматерските порно снимки. Авторите на страницата тврдат дека намерата им е да се спротивстават на категоризацијата што ги дели ваквите содржини на порнографски и еротски. И навистина, видео записите на I Feel Myself се потполно експлицитни, што дефинитивно ги сместува во порнографија, а од друга страна се високо естетизирани, што и понатаму не ги сместува во категоријата еротика, туку повеќе укажува на релативно нов тренд во порнографијата. Иако никаде не е напоменато дека оваа страница е наменета првенствено за женската публика, може да се насети дека жените ја сакаат затоа што, по правило, во видео записите се прикажани во прв план женското задоволство и уживањето во сопствената телесност и сексуалност. Не треба да се занемари ни тоа што главните актерки се тн. обични жени, што немаат совршено извајани тела, ниту очигледни хируршки зафати, а некои меѓу нив не се дури ни депилирани: I Feel Myself е многу експлицитна потврда дека (женското) тело е убаво, без оглед на тоа како изгледа.

Порно феминизам: приказната за жените и порнографијата не може да се раскаже без приказната за женската секусалност, а таму каде што ќе се најдат жените и сексот, секако секогаш се појавува и феминизмот. Дека ова е така, говори и фактот дека односот на порно индустријата кон жените не се промени сè додека не се промени и односот на феминизмот кон порнографијата. Додека феминистките во втората половина на 20. век беа отворено непријателски настроени кон порнографијата, сметајќи ја за деградирачка и понижувачка, 90-тите а особено 2000-тите донесоа нова генерација и теоретичарки и порно ѕвезди. Во почетокот на 2000-тите за прв пат одекнуваат критики за родовата дискриминација во порнографијата, поинакви од оние на кои бевме навикнати. Овојпат се појавуваат мажи вработени во оваа индустрија, кои обвинуваат дека се многу помалку платени од нивните колешки. Внатре во феминистичките движења сè повеќе се јавуваат просекс феминистки, што го бранат женското право на сексуалност и уживање во сексот, па и порнографијата, без какво било друго вредносно оправдување освен чистото задоволство.

Среде таквата клима, некаде околу 2006 година, на порнографијата ѝ се случува феноменот Саша Греј, тогаш 18-годишна девојка, која го снима првиот филм со Роко Сифреди. Сифреди е синоним за сето она за коешто феминизмот се противи на порнографијата: груб и насилен секс... Меѓутоа, со Саша Греј во кадарот се случи нешто неочекувано. Иако го работи, или подобро, го трпи сето она што го правеле или трпеле и другите партнерки на Сифреди пред неа, ефектот е потполно поинаков: Саша Греј не е објект, туку таа доминира и има целосна контрола над сцената. Во порнографијата се задржа три години, за сето тоа време снимајќи хард кор филмови во кои беше изложена на секакви грубости. Но, Саша Греј никогаш не била објект, бидејќи е повеќе од очигледно дека ужива во секоја снимена секунда и дека тоа го направила само поради тоа што така сакала.

Истата година кога Саша Греј се појави во порнографијата, во Торонто е основана наградата Good for her, попозната и како „награда за феминистички порно филм“. Ја доделува истоимената продавница за сексуални помагала и играчки што е наменета за жените. За да може еден порно филм да влезе во конкуренција за наградата, треба да задоволи три критериуми: жена да е автор, продуцент, режисер или сценарист, да го прикажува женското сексуално задоволство и да ги поместува границите во прикажување на сексот на филм и истовремено да ги руши стереотипите востановени во мејнстрим порнографијата. Така се формираше цела сцена женски порно авторки, меѓу кои најпознати се Ерика Ласт, Нина Хартли, Медисон Јанг и други.

Дечкото од соседството: во почетокот на 2012 година, светот се заинтересира за Џејмс Дин (James Deen), 26-годишен порно актер што стана познат во работата исклучиво поради тоа што го сака женската публика. Тогаш за него надолго пишуваа традиционалните медиуми како Guardian, New York Times, Slate итн. Сите се интересираа во што е неговата тајна и зошто жените толку го сакаат. Дин воопшто не изгледа како типичен порно глумец, туку личи на типичен дечко од соседството. Висок, со брановидна темна коса, со сини очи и долги трепки, совршено одговара на описот „секоја мајка би го сакала за зет“. Дин изгледа како жив маж од крв и месо, со којшто жените навистина би сакале да завршат во кревет, за разлика од неговите претходници чијшто изглед повеќе одговара на она што мажите го замислуваат како „ебач“. Ја започна кариерата снимајќи за порно интернет страницата Brazzers.com, но набрзо го раскина договорот со нив затоа што филмовите на коишто работел, како што вели самиот, повеќе личеле на силување отколку на секс. Тогаш почна да работи со други продукциски куќи и набрзо доживеа планетарна популарност. Наводно, тајната на неговиот успех кај женската публика е во тоа што долго ги бакнува партнерките и ги гледа во очи. Но, повторно, ни во случајот со Дин не се работи за некаква проекција на романтика. Како и сите други порно филмови, неговите филмови не ѝ нудат на публиката ништо повеќе од чист, сиров секс. Всушност, можеби токму со појавата на Џејмс Дин, сексот во порно филмовите конечно почна да личи на вистински секс во којшто и двата партнери учествуваат на обострано задоволство. Неговите партнерки не се деградирани на ниво на парче месо што се мрда во кадарот, туку се сексуално задоволени жени. Само тука треба да се бара одговорот на прашањето зошто жените гледаат порно филмови.

Извор: Време, 27.12.2012

ОкоБоли главаВицФото