1003 hPa
81 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:03
Пред вас е Џералдина Дојл Хоф, жената која во 1942 година, како 17-годишна девојка, позираше за фотографот на United Press International, за она што подоцна ќе стане култен плакат на феминистичкото движење - плакатот We Can Do It! за движењето Rosie the Riveter со кое се поттикнува тешката работа на жените за време на Втората светска војна.
Џералдина Хоф е родена 1924 година во Мичиген, а по завршувањето на средното училиште се вработила во фабриката American Broach & Machine Co.
Иако кампањата со која жените се повикувале во фабриките вродила со плод, самата Хоф набрзо откако настанала фотографијата ја напуштила работата во железарницата, плашејќи се дека може да ги повреди рацете, нејзиното најважно „оружје“ за свирење виолончело, кое било нејзина најголема љубов.
Плакатот на уметникот и графички дизајнер Џ. Хауард Милер, стекнува светска слава во 80-те години на XX век, кога почнал да се користи со цел заговарање рамноправност на половите на работното место, а самата Дојл сè до 1984 не знаела дека токму нејзината фотографија од фабриката послужила за плакатот We Can Do It!
Џералдина Хоф почина во 2010 година, но засекогаш ќе остане запаметена како девојката од култниот плакат.
Извор: radiosarajevo.ba