Ова не е Шведска

12.01.2013 11:52
Ова не е Шведска

Седев со шведската писателка и новинарка Катрин Орместад и гледав преноси од предизборните програми. Таа моментално известува за изборите во Израел за Svenska Daglbadet, вториот најголем весник во Шведска и постојано ме прашува: „За што се овие ваши избори?“ На ова прашање немам добар одговор. Отидовме на неколку изборни конвенции, се сретнавме со неколку политичари, прочита многу материјали, и сега, со почетокот на медиумската кампања, се надевам дека ќе можам да ѝ ги објаснам овие чудни избори.

Понекогаш е добро да се фрли студен поглед од далеку, од дистанца. „Толку сум збунета“, вели таа по гледањето на изборните програми. „За што воопшто се овие избори, околу што се расправаат, што се темите и врз основа на што граѓаните гласаат?“ Изборната програма ѝ изгледа провинцијално. Партиските спотови и рекламите ѝ делуваат примитивно и ретроградно. Идејата дека жена која во рацете држи шолја јогурт и вели „њам, њам“ ќе наведе некого да го купи производот ѝ е старомодна.

И покрај тоа, на мојата пријателка по нешто ѝ е забавно: Арие Дери (Лидер на ултра религиозната партија Шас, кој инаку беше во затвор поради земање мито додека беше министер за внатрешни работи) и неговата мајка која како кукла седи без зборови; Шаул Мофаз како водител кој на грлат мизрахи акцент се фали колку терористи убил; потоа расистичкиот спот на Шас во кој младоженецот открива дека неговата сакана Марина не е Еврејка, запрепастен како да открил дека неговата избраничка е машко. Не е тешко да се замисли дека ваквата реклама би била прогласена за антисемитска во Шведска, то ест ако во Шведска Швеѓанецот би се вознемирил ако дознае дека жена му е Еврејка. Предизвикувањето страв доминира со овдешните спотови; за таа цел е искористен и Ахмадинеџад. Десницата работи по принципот на заплашување, меѓутоа и левицата. Изгледа како државата да е во војна.

Шведските изборни пораки функционираат по принцип на динамична идентификација, а кај нас по принцип на статично самоопределување. Ако се сметаш себеси за левичар или десничар, ќе гласаш за таква партија. Ова не е поврзано со пораката која ја испраќа партијата - зашто тука речиси и нема порака; во игра се само симболи. Луѓето не знаат што говорат париите, доволно им е тие да ги дефинираат. Немаме поим што Хадас порачува, но знаеме дека тој те дефинира како левичар. Така, ако си левичар, гласај за нив. Ако се сметаш себеси за десничар, гласај за Нафталиј Бенет, иако немаш поим кои се неговите идеи. Тоа е плитка и опасна политика, налик на автопроекција, без суштина.

„Нешто овде не е во ред, сè е замаглео“, вели мојата пријателка од Шведска, „Тоа не е нормален начин на водење политика. Целосното внимание и фокус се на носителите на листите. Тие дури не се презентирани ниту како претставници на одредена идеологија или како оние кои стојат на чело на одредена идеја и немам впечаток дека тие се борат околу нешто вистинско“.

За кого би гласала таа? „До вчера мислев дека би гласала за Ципи Ливни, меѓутоа, во програмата видов  дека и таа игра на картата на стравот на гласачите, со црн екран. Да се продаде политичка порака која содржи надеж - тоа овде како да е навреда за интелигенцијата на гласачот и подразбира лоша репутација за постигнување на мирот. Ливни можеше да се посвети на мировниот договор додека беше во владата. И зошто Палестинците сега би ѝ верувале кога ситуацијата е многу полоша? За лабуристичката партија Авода не би гласала затоа што настапува кукавички; од истите причини отпаѓа и Јаир Лапид. Да се гласа за еврејско-арапската социјалистичка организација Хадас или израелско-арапската партија Балад е бесмислено. Овие партии немаат влијание и во тој случај не добиваш ништо освен задоволство од себеси. Меѓутоа, суштината на политиката не е во тоа, туку во тоа да влијаеш. Мислам дека на крајот би гласала за левичарската социјалдемократска партија Мерец; оваа партија буди почит и делува искрено во своите пораки.“

Потоа заедно гледавме шведска изборна програма. Лидерите на тамошните партии не се прикажуваат во спотовите. Владејачката Умерена партија покажува парови кои се заљубуваат на работното место: потребата за нови работни места е главна порака на овие спотови. Радикалната десничарска партија Демократски Швеѓани покажува трка на шведски старици на подвижна лента со покриени муслимански имигрантки кон буџетските фондови. Шведските ТВ станици одбија да го емитуваат овој спот. Но, израел не е Шведска.

Извор: Haaretz, 10.01.2013

ОкоБоли главаВицФото