Владимир Франц: новото лице во чешката политика

15.01.2013 13:07
Владимир Франц: новото лице во чешката политика

Владимир Франц е оперски композитор и сликар, тетовиран од глава до пети, и е вистински феномен на изборната трка за нов претседател на Чешка, затоа што според истражувањата на јавното мислење, тој котира на изненадувачкото трето место со 11% од гласовите.

Тој изгледа како најневеројатен кандидат за престижното место на претседател на државата, на коешто некогаш беше славниот дисидент Вацлав Хавел, а денес е познатиот евроскептик Вацлав Клаус, контроверзниот професор кому му се припишуваат заслугите за економската транзиција од комунизам во слободен пазар.

Во текот на една телевизиска дебата, еден гледач го нарече „егзотична креатура од Папуа Нова Гвинеа“. Меѓутоа, не му недостигаат првирзании од оваа земја-членка на ЕУ каде што гласачите стануваат сè поуморни од политичарите за коишто велат дека не ги исполнунваат своите ветувања и дека се корупирани, повеќе од две децении по падот на комунизмот.

Франц нема никакво политичко искуство и признава дека малку знае за економијата. Тој вели дека влегол во политичкиот ринг откако група негови обожаватели ја покренале иницијативата „Франц за претседател“ и го замолиле да ја разбрани политичката сцена како шок кандидат.

Меѓутоа, тој привлече толку големо внимание, што водечките економисти му ги понудија бесплатно своите услуги, додека сите во неговиот предизборен тим се волонтери. Тој потрошил помалку од 20000 евра од донациите за кампања но уште не објавил ниеден предизборен плакат.

Франц стапи на политичката сцена кон крајот на 2012 година, во сјаен стил со листа од 88000 потписи на граѓаните за неговата кандидатура, 38000 повеќе од бројот предвиден со законот. Во текот на кампањата, тој повика за засилување на антикорупциските мерки и ја истакна важноста на образованието и издигнувањето на моралните квалитети на нацијата.

„Политичкиот систем е толку многу маѓепсан со себе што ја изгуби моќта за саморефлексија“, изјави во неодамнешното интервју за АР. Тој вели дека на Чесите им е „доста од тоа срање“. Тој е најпопуларен меѓу младите гласачи и оние што уште не се во можност да гласаат. Во шеговитата имитација на изборите во 440 основни училишта ширум земјата, одражни пред еден месец, Франц освои 40% од 60000 гласови.

Се предивидува дека тој би можел да освои околу 11% од гласовите на претседателските избори во петок, што нема да биде доволно за да влезе во вториот круг. Меѓутоа, тој може дирекно да влијае врз изборот на новиот претседател, кога поранешните премиери Јан Фишер и Милош Земан ќе се борат за приврзаници во вториот круг од изборите.

Засега, Франц ги има гласовите на оние Чеси што се уморни од истите лица на политичката сцена и на оние што досега не покажувале интерес за политичките процеси во својата земја. Меѓутоа, многу Чеси, особено во главниот град, не се претерано шокирани со изгледот на Франц од проста причина што се работи за познат професор на Прашката академија за сценски уметности.

„Тетоважите навистина не прават разлика“, вели Јакуб Фишер, студент од Прага, додавајќи дека вистинскиот проблем е во тоа што Франц нема искуство во политиката.

Франц вели дека неговите тетоважи се обичен body art и дека изборите не се натпревар по убавина. „Тетоважите се симбол на слободниот дух и тоа не ограничува ничија слобода“, вели тој.

Додека предизборната кампања се приближува кон крајот, кандидатите се растрчани на сите страни за да ги придобијат неодлучните гласачи, освен Франц. Тој има друга работа, финалната проба пред светската премиера неговата најнова оперска престава во Националната опера, што е дел од Прашкиот нацонален театар. „За еден чешки композитор е навистина неверојатно тоа што има светска премиера во национален театар. Морав да направам избор меѓу јавната служба и исполнувањето на тој животен сон. Донесов одлука, но сепак ќе се појавам на телевизиската дебата“.

Извор: e-novine.com