Роза Луксембург: храбра политичарка и активистка

16.01.2013 12:17
Роза Луксембург: храбра политичарка и активистка

Роза Луксембург е родена на 5. март 1871 година како петто најмладо дете во еврејско семејство во Замошче во Полска. Значајна улога во нејзиното детство имал нејзиниот татко којшто многу рано се оддалечил од ортодоксното еврејство, па од него ги усвоила либералните идеи, интересот на меѓународна политика и задоволството во читање западна литература.

Семејството Луксембург се преселило во Варшава, па Роза таму се образувала. Била одлична ученичка, но уште тогаш нејзините професори ги забележале нејзините „бунтовнички ставови“. Веќе од 1886 година му се приклучила на Пролетаријатот, илегалната полска левичарска партија. Во 1889 година бега во Швајцарија затоа што ѝ се заканувало апсење поради политички активности.

Таму го продолжила своето образование на универзитетот во Цирих, една од малкубројните институции што ги примале и мажите и жените како рамноправни, а таа студирала природни науки и политичка економија.

Во 1898 година со склучувањето брак со германскиот работник Густав Либек добила германско државјанство и се преселила во Берлин, каде што се зачленила во Социјалдемократската партија на Германија (SPD) што тогаш била водечка организација на социјалистите. Предвидувајќи ја војната, жестоко го напаѓала германскиот милитаризам и империјализам, залагајќи се за општ штрајк за солидарност меѓу работниците и спречување на војната.

Задно со Леон Јогичес и Јулијан Марчлевски во 1893 година го основала гласилото „Права на работниците“ како опозиција на националистичката политика на полската социјалистичка партија, верувајќи дека само социјалистичка револуција во Германија, Австрија и Русија може да обезбеди независно постоење на Полска.

По излегувањето од затворот во Варшава, каде што илегално заминала за да помогне во борбата за времето на Руската револуција, се вратила во Германија каде што предавала марскизам и економија во училиштето на SPD. Откако SPD ја поддржала војната во 1914 година, Луксембург заедно со Карло Либкнехт, Клара Цеткин и Франц Мехринг основала интернационална, револуцонерна фракција што жестоко ја отфрлала поддршката за војната на SPD и се обидела да го предводи германскиот пролетаријат во општ штрајк против војната.

Поради јавен политички ангажман, Луксембург завршила во затвор од каде што продолжила да пишува памфлети против војната. Во 1918 година, по излегувањето од затвор, соработувала во транформацијата на Спартаковците во Комунистичката партија на Германија (KPD). Во јануари 1919 година, Луксембург соработувала во обидот за востание против владата, но Социјалдемократите успеале да го задушат. Луксембург и Либкнехт биле уапсени на 15. јануари и по насилно испрашување биле погубени.

Телото на Роза Луксембург е пронајдено четири месеци по погубувањето во берлиснкиот канал Ландвер и закопана е на централните гробишта Фридрихсфелде во Берлин.

Рамноправност на жените и мажите

Роза Луксембург имала значајна улога во политичката историја, но имала и незаобиколен удел во идејата за рамноправност за мажите и жените. Себеси се гледала првенствено како личност, а не низ призмата на родот, етницитетот или инвалидитетот (како дете се разболела и никогаш не закрепнала целосно, па куцала во текот на целиот живот).

Имала храброст да влезе во светот на политиката што се сметала за машка сфера и да се избори за глас, да ги изложи своите ставови и идеи и да се залага за нив. Веднаш го одбила предлогот на SPD да се занимава со нивната организација за жени, не поради тоа што ја сметала таа организација за неважна, туку поради тоа што не сакала да ја прифати традиционалната улога на жените во политичките партии.

Била уникатна личност со голема самодоверба. Не ги прзнавала стереотипните улоги на жените во политичките организации. Секогаш се борела за видливост на политичката сцена и не признавала никакви ограничувања како последица на припадноста кон женскиот пол. Битките што ги добивала се темелат на моќта на аргументите и логичките факти.

Со своите дела настојувала да ги охрабри и другите жени да го следат нејзинот пример. Луксембург сметала дека жените може да постигнат целосна слобода само преку социјалистичката револуција и елиминацијата на економското робување на институцијата семејство. Ги сметала жените, работничката класа, националните малцинаства и селаните за маргинализирани општествени групи.

Од многу аспекти Роза Луксембург била жена пред своето време. Вредностите како што се правата на жените и работничките права за коишто жестоко се борела и денес се цели за коишто и понатаму се прават упорни обиди за тие целосно да се остварат.

Извор: libela.org 

Слични содржини

Општество / Активизам / Теорија / Историја
Општество / Активизам / Теорија / Историја
Активизам / Историја
Активизам / Историја
Никола Гелевски
Општество / Активизам / Квир / Теорија
Активизам / Фотографија / Култура / Филм

ОкоБоли главаВицФото