Че Гевара

18.01.2013 10:19
Че Гевара

Штом бунтот ќе го изобличи власта,
бунтовникот за почести се граба
и повторно се изделила каста,
а надежта за обнова е слаба.

Но бродат негде пак бунтовни чети
што глад и жедост ден и ноќ ги мачи,
ги шиба дождот во Андите клети
и над нив страшно ураганот јачи.

Во таа бура да измие снага,
пак наивен да сети верба стара,
тој таму трга по позната трага.

Но подемот е еден, Че Гевара!
Кој презрел докрај и привид и лага,
не живот веќе, ами смрт тој бара.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Активизам / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото