Чик и еротиката во поранешна Југославија

18.01.2013 11:21
Чик и еротиката во поранешна Југославија

Првиот број на двонеделното списание „Чик погоди“ излегува во 1968 година и е посветен на енигматиката. Во текот на развојот, списанието ги менува содржините и карактерот, така што сè повеќе се движи кон забавата и еротиката, а веќе по две години го менува името во ЧИК. Своевремено, списанието е едно од најпопуларните и најчитаните во поранешна Југославија, печатено е на латиница и кирилица и можело да се купи на сите континенти.

Кон крајот на шеесеттите години доаѓа до голем развој на издавачката дејност, кога на пазарот се појавуаат многу специјализирани ревии, од политички до семејни. Покрај комерцијализацијата, западното влијание, како и либерализацијата на темите, во тие години во Југославија се појавуваат и првите еротски и порнографски ревии.

Чик e едно од еротските списанија кое на насловните страници главно објавувa фотографии од разголени старлети, а концепцијата на списанието претежно е насочена кон „сексуалното воспитување“ на младината. Не станува збор за порнографско списание - само во одредени фази или броеви тоа е еротско списание. Во ЧИК постојат рубрики со интимни писма на читатели, нивните „животни приказни“, потоа огласи, љубовни и еротски романи во продолженија итн.

Иако од денешна перспектива списанието можеби изгледа смешно, останува фактот дека тоа одбележало една епоха во масовната култура во поранешна Југославија.

Подолу може да погледнете некои од насловните страници на ЧИК.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото