Укинати „голите“ скенери на аеродромите во САД

21.01.2013 09:50
Укинати „голите“ скенери на аеродромите во САД

Американската администрација за безбедност во сообраќајот (TSA) потврди дека ќе ги повлече скенерите од аеродромите кои создаваат „голи“ слики од патниците и ќе је замени оваа технологија која предизвика државен скандал по прашањето на приватноста и безбедноста.

Од TSA велат дека до 1 јуни ќе бидат отстранети преостанатите 174 скенери кои и понатаму се користат на триесет аеродроми и ќе бидат заменети или со „скенери со бранови“ или со детектори за метал.

Американската влада ги воведе овие „телесни скенери“ откако на Божиќ 2009 година беше фатен бомбаш кој криел експлозив во долната облека.

Технологијата на „голите“ слики предизвика протести во јавноста и бројни тужби поради нарушување на приватноста. Иако патниците можеа да бираат дали сакаат да бидат подложени на скенирање до гола кожа, алтернативата беше претресување од глава до пети, што се смета за подеднакво инвазивен метод.

Некои стручњаци ја доведоа во прашање ефективноста и безбедноста на овие скенери, затоа што машините ги изложуваат патниците на мала доза зрачење која во поголеми количини може да предизвика и рак.

Компанијата која ги произведува овие машини, Rapiscan Systems, требаше да испорача уште дополнителни 500 скенери (по цена од 180.000 долари од парче), но американската влада го раскина договорт.

Извор: b92.net

ОкоБоли главаВицФото