2013 - европска година на воздухот

22.01.2013 10:02
2013 - европска година на воздухот

Европската комисија ја прогласи 2013 за година на воздухот. Оваа одлука е проследена и со план за истакнување на важноста од чистиот воздух за сите и спроведување акции за подобрување на воздухот во земјите-членки на Унијата.

ЕУ се обидува да се справи со загадувањето на воздухот од 1970 година. Мерките како контрола на емисијата на штетни материи во атмосферата и подобрување на квалитетот на горивата продонесоа за напредок, но проблемите сè уште остануваат. Тоа главно се смета за последица на човечките активности како согорувањето на фосилни горива и драматичниот пораст на сообраќајот.

Европската комисија одлучи да ги праша и граѓаните на Унијата што би направиле за да се подобри квалитетот на воздухот. Во обид да слушне што повеќе мислења и идеи ЕК најави дека ќе одржи јавна консултација на четврти март.
Комисијата почна да соработува и со регионалната канцеларија за Европа на Светската здравстсвена организација со која ќе ги разгледуваат здравствените податоци поврзани со главните загадувачи на воздухот како честичките, нивото на озон и азот диоксид, а заклучоците ќе ги презентираат месецов.

Загадувањето на воздухот се смета за главна причина за заболувањата на белите дробови како астмата (сега има двојно повеќе заболени отколку пред триесет години) и за повеќе од 350.000 смртни случаи во Европската Унија секоја година.

Извор: greenbox.com.mk

ОкоБоли главаВицФото