Студент открил дека во фрижидерот може да се чува и храна

22.01.2013 19:33
Студент открил дека во фрижидерот може да се чува и храна

Скопје, 22 јануари 2013

Стефан Петровски, студент од втора година на Шумарскиот факултет, доцна синоќа открил дека во фрижидерот, освен алкохолните пијалаци, може да се чува и храна.

Овој младич дошол до откритието кога бил на седенка кај неговата пријателка и во еден момент огладнел.

„Ја прашав другарка ми дали има нешто за јадење, на што ми одговори да погледнам во фрижидерот. Се збунив и реков дека не сум жеден туку гладен, а таа ми повтори да погледнам во фрижидерот“, изјави Стефан за Пара вести.

„Не можев да верувам во тоа што го гледам, фрижидерот беше речиси преполн со храна! Алкохол имаше само на долната полица, а покрај лименките пиво и двете шишиња ракија стоеја и некои сокови“, открива студентот.

Стефан вели дека дури потоа пријателката му објаснила дека во фрижидерите може да се чува и храна и дека постои теорија дека тие првобитно се направени токму поради тоа.

„Ми рече дека оние прегради во вратите не се направени за лименки и мали шишенца вотка и вињак, а фиоката на дното не служи за да се одвои некој поскап пијалак од останатите, туку дека во неа може да се стави овошје и зеленчук“, вели овој студент и додава дека сега му е јасно зошто се произведуваат големите фрижидери за кои до сега сметал дека ги купуваат само тешки алкохоличари.

Адаптирано од www.njuz.net

ОкоБоли главаВицФото