1018 hPa
72 %
13 °C
Скопје - Нед, 16.08.2026 06:10

Дали некогаш сте консумирале нелегални супстанци за да ги зголемите вашите способности во текот на велосипедските трки?
Да.
Дали една од тие нелегални супстанци беше ЕРО?
Да.
Дали сте консумирале крвен допинг или сте правеле трансфузии на крвта за да ги зголемите вашите способности во текот на велосипедските трки?
Да.
Дали сте консумирале и некои други нелегални супстанци како тестостерон, кортизон или HGH?
Да.
Во текот на сите седум трки Тур де Франс што ги освоивте, дали косумиравте нелегални супстанци или крвен допинг?
Да.
Дали е во границите на човечките моќи да се победи Тур де Франс без допингување, и тоа седум пати?
Според мене, не. За таа генерација. Јас не ја измислив таа култура, но не се ни обидев да ја сопрам.
Цели 13 години, не само што го одрекувавте ова, туку остро и жестоко одрекувавте сè што сега признавте. Па, зошто го направивте тоа токму сега?
Тоа е многу добро прашање. И логично е. А мислам дека немам добар одговор. Сепак, ќе речам дека сега е предоцна. Предоцна е веројатно и за најголем дел од луѓето и тоа е моја грешка. На оваа ситуација гледам како на една огромна лага што сум ја повторувал многупати, и, како што и сама рековте, едноставно не можам да кажам не и да продолжам како да не било ништо.
Вие мамевте, а ги нарекувавте другите лажговци.
Да, го разбирам тоа. И додека минував низ тој процес, особено последните две години, една година, шест месеци, два, три месеци, јас ја знаев вистината. И таа беше скриена. Тоа што им го велев на сите беше лага, а сега е готово, бидејќи целата приказна беше совршена толку долго време. И убеден сум во тоа, особено откако ќе се обидам да ја погледнам ситуацијата отстрана. Ако успееш да ја надминеш болеста, ќе го освоиш Тур де Франс седум пати. Имаш среќен брак, имаш деца. Гледате, тоа е само митски совршена приказна и не беше вистинита.
Дали беше тешко да се живее во таа измислена слика?
Беше невозможно. Сигурно е дека јас сум негативниот лик, го знам тоа, и не можев да продолжам да го играм.
Но, зарем не помогнавте во креирањето на таа слика?
Се разбира дека помогнав. Исто како што направија и многу други луѓе. Сета вина паѓа врз мене. Но, зад таа слика и зад таа приказна, постои momentum. Без оглед дали тоа се обожавателите, дали се медиумите, но тоа едноставно непречено функционираше. И се изгубив себеси во сето тоа. Убеден сум дека други луѓе нема да успеат да се справат со тоа. Сигурен сум дека јас не успевав, а бев навикнат да контролирам сè во мојот живот.
Пред малку кажавте дека не мислите дека било возможно да се победи без допинг?
Не во таа генерација, а не сум овде за да зборувам за други во таа генерација. Сето тоа е уредно документирано. Не ја измислив таа култура, но не се ни обидев да ја сопрам, и тоа е моја грешка, и поради тоа мора да ми биде многу жал, особено затоа што сега и целиот спорт ја плаќа направената штета. И затоа, жалам. Немав пристап до ништо што не им беше достапно и на сите останати.
Usada објави извештај од 164 страници. CEO Travis Tygart изјави дека вие и US Postal teаm ја одржувавте најсофистицираната, професионална и успешна допинг прогама во целата историја на спортот. Навистина ли е така?
Не. Неоспорно е дека беше професионална, и дефинитивно беше интелигентно обмислена, ако може така да се рече, но беше многу конзервативна, многу ризична и прилагодлива на околностите. Секоја трка ми беше еднакво важна. Но, да се каже дека нашата програма беше поголема од онаа на Источна Германија во текот на 70-тите и 80-тите? Тоа не е вистина.
Што всушност беше културата? Ќе можете ли да ни ја објасните?
Не сакам да обвинувам кој било друг. Не сакам да зборувам за кој било друг. Сам сум одговорен за своите постапки. Тие се мои грешки и седам овде денес за да го признаам тоа и да кажам дека ми е жал. А културата, беше што беше.
Дали сите го правеа тоа? Така се зборува. Дали е вистина?
Не ги познавав сите. Не живеев и не тренирав со сите. Не се тркав со сите. Не можам да ви одговорам на прашањето. Знам дека постојат луѓе коишто го тврдат тоа. Има и луѓе што велат „ОК; има 200 момци на трката, можам да ви посочам пет од нив што не го правеа тоа и тие се херои“, и во право се.
Како ви успеваше тоа? Објаснете ни ја процедурата. Достава на пилули, крв во тајни фрижидери...како функционираше сето тоа?
Го сметав за нешто многу едноставно. Постоеја супстанци што го зголемуваат нивото на кислород во крвта и беа корисни за велосипедизмот. Мојот коктел беше ЕРО, но не многу, транфузии и тестостерон. Си мислев дека сигурно се соочувам со недостаток од тестостерон како последица на битката со канцерот, ама немаше докази за тоа.
Дали се плашевте дека ќе ве фатат? Во 1999 година немаше дури ни тест за ЕРО...
Не. Тестирањето се разви подоцна. Тогаш тие не ги пребаруваа нашите куќи и немаше тестирање надвор од трките (како и во најголемиот дел во мојата кариера), па не ни мислев дека можеа да ме фатат кога се подготвував за трките. Се работи за добар распоред. Иако тоа звучи чудно. Не сум обожавател на UCI но воведувањето биолошки пасош (во 2008 година) беше многу функционално. Дури сега ја плаќам штетата, го заслужив ова. И во ред е. Го заслужив. Мојата непоколеблива желба за победа по секоја цена ме служеше добро додека бев на велосипед, но до каде сето тоа стигна, од која било причина, тоа е проблем. Таа желба, тој став, таа ароганција.
Кога се пласиравте на трето место во 2009 година, не се допингувавте?
Послендиот пат кога ја преминав црвената линија беше во 2005 година.
Дали тоа вклучува трансфузии на крв? Немаше допингување или трансфузии на крв во 2009...2010 година?
Апсолутно не.

Дали вие бевте главен тогаш?
Јас бев врвниот возач, лидерот на тимот.
Ако некој со своето однесување не ги задоволуваше вашите барања, дали можевте да го отпуштите?
Не. Претпоставувам дека можев, но не го сторив тоа. Јас бев лидерот на тимот, а лидерот треба да претставува пример за останатите. Никогаш не издавав директни наредби. Тоа никогаш не се случи. Сите бевме возрасни луѓе и сами ги носевме своите одлуки. Постоеја возачи во мојот тим коишто не се допингуваа.
Еден возач којшто помина извесно време во вашиот тим, Кристијан Ванде Велде, изјави за Usada дека вие сте му се заканувале дека ќе го избркате од тимот ако не тренира прилагодувајќи се на допинг програмата?
Тоа не е вистина. Постоеше ниво на очекување. Очекувавме дека момците ќе бидат физички подготвени за да можат да се натпреваруваат. Иако, во моментов јас не сум најверодостојниот човек на светот. Инаку би претставувал пример за другите, а тоа е проблем. Ако зборуваме за вербална директива, таква не постоеше. Го тврдам тоа. Прифаќам дека сум бил таков лидер каков што ме опишува возачот кој порано беше во мојот тим. Многу се грижев за Криситијан, но кога ќе заминете во друг тим и ќе се однесувате на ист начин...
Дали ги загрозувавте останатите?
Да, таков бев, во таа смисла што сакав да го контролирам наративот, и ако не ми се допаѓаше нечија друга верзија, тогаш се заканував.
Дали тоа е во вашата природа, кога некој вели нешто што не ви се допаѓа, преминувате во напад? Дали бевте таков целиот живот, кога имавте 10, 12 или 14 години?
Да, таков бев целиот мој живот. Пред дијагнозата, бев натпреварувач, но не жесток. Кога ми беше дијагностициран канцер, се претворив во борец. И тоа беше добро. Но, тоа што го прифатив бескурпулозниот став за победа по секоја цена, тоа беше лошо.
Колку ви беше важно победувањето и дали би сториле сè за да победите по секоја цена?
Да. Кога ми дијагностицираа канцер, ќе сторев сè за да преживеам. И тој став – победа по секоја цена – го пренесов во велосипедизмот. Тоа не е добро. И претходно консумирав дроги, но не ги загрозував другите.
За да продолжите да победувате моравте да продолжите со консумирање нелегални супстанци? Дали тоа всушност било вообичаено?
Да, и иако не сум сигурен дека ова е прифатлив одговор, но исто е како да велите дека неопходен е воздух во гумите или вода во шишињата. Според мене, тоа беше дел од работата.
Кога ќе погледнете наназад, дали се чувствувате засрамен? Или, како се чувствувате во врска со тоа?
Ова е втор пат во мојот живот кога не можам да го контролирам исходот. Првиот беше болеста. Страшно е тоа што победив седум пати на Тур де Франс, и знаев дека ќе биде така.
Дали кога победувавте бевте среќен, имајќи предвид дека консумиравте нелегални супстанци?
Среќата повеќе беше во процесот, во подготовките, во тренирањето. Потоа, победувањето доаѓаше автоматски.
Дали ова беше голем залак за вас, дали чувстувавте дека нешто не е во ред?
Не. Повеќе ми беше страшно.
Не чувстувавте ни грижа на совест.
Не. Тоа беше уште пострашно.
Дали се чувстувате лошо поради тоа?
Не. Тоа е најстрашно.
Дали чувстувавте дека мамите?
Во тоа време, не. Постојано ми велеа дека мамам со дрогите, дека сум измамник. Затоа, ја побарав дефиницијата за измама, и кога видов дека таа гласи: да се мами е да се добие предност во однос на противникот или непријателот што тој ја нема, сфатив дека не ги опишува моите постапки. Гледав на тоа како игра на повеќе различни нивоа.
Но, знаевте дека ве одржуваат на повисок стандард. Па, вие сте Ленс Армстронг.
Го знаев тоа, и се разбира дека ова ги прави работите совршени. Денес, ми е неспоределиво појасно. Тогаш, не знаев што имам. Погледнете ги само резултатите од сето тоа.
Извор: telegraph.co.uk