Изборот е само активниот антифашизам

24.01.2013 12:53
Изборот е само активниот антифашизам

Фашистите сметаат на нашата етичка умереност и толеранција и ја злоупотребуваат.

* * *

Духот и стилот на паланката во која живееме се услов на фашизацијата која немилосрдно нè следи, гази, меле, игнорира, нè сотрува зависно од интересите на актерите, и во зависност од тоа како и што некому му треба, му паѓа на ум и му одговара, и како му доаѓа, на нога, на рака, со директ, лево или десно кроше, а да не зборуваме за гениталиите ако станува збор за кик-бокс. Тоа се и најчестите прилики во кои се фаќаме за долниот стомак, плексусот и тешко вдишуваме. За тоа нужно мислиме, зашто покрај сè, не сме баш склони кон промислување, ниту на себе ниту на личната позиција во светот. Можеби никогаш не сме промислиле ниту разбрале дека не постои неутрална опција помеѓу фашизмот и антифашизмот. Наспроти ФАШИЗМОТ - постои само АНТИФАШИЗМОТ.

Имено, ако сме сè уште колку-толку ментало здрави и интелектуално достојни личности и луѓе, ако имаме рбет и мисла која е достоинствена, мора да помислиме на жртвите и да почувствуваме лична потреба за отпор против злото, мора да се сетиме на нешто. На пример, на тоа дека сепак имаме 33 рбетни пршлени кои не се продолжуваат во опашка. Тоа е рбетот, значи, генетиката, биографијата и егзистенцијата ни е антифашистичка.

Фашистите злорадосно си поигруваат со нас зашто /моментално!/ не можат да нè ликвидираат. Да помислиме дека нашиот антифашизам е единственото упориште на нашата слобода и услов за каква било ослободеност воопшто, и дека затоа можеме и секако треба да направиме нешто, и многу повеќе, за да се заштитиме.

* * *

Човекот најчесто несвесно станува роб и неслободна личност, а кога веќе ќе стане тоа, тогаш е во личниот затворен круг од кој е многу комплицирано да се излее. Поради безброј причини, но подеднакво поради сопствените обѕири кон другите луѓе и прифатените правила на однесување во кругот во кој поради сплет на околности сме влегле/пристапиле, како и личниот страв дека ќе останеме сами, прокажани, презрени, изложени и обвинети. Имено, влегувањето во одредени кругови подразбира во иста мера прифаќање на другиот, различниот и непознатиот, како и одрекување од дел од себе кој е долго граден, разговетен, добар и познат.

* * *

Неретко, незабележани и занесени со себе поминуваме низ светот не забележувајќи никого, ниту обврзувајќи се на што било, а фашистите нè понижуваат и поништуваат во нашите најдобри намери и потфати, во најголемат сила и полет. Не сме ли самите виновни? Сигурно, сме. Тие го прават тоа според некој имагинарен проект кому му се предале без остаток со свест за успех и не мислејќи за тоа дека станува збор за безусловен стопроцентен фашизам.

Великосрпскиот фашизам беше убеден дека во СФРЈ никој нема да го нападне, ниту да му се спротивстви. Само усвитените вжештени фашистички глави можат така да мислат, и мислат. /Во еден момент тоа беше апсолутно точно! Па како ќе го нападнеме народот кој е најбројната популација во нашата славна СФРЈ?! Своите сограѓани? Своите пријатели? Кумовите? Колегите од работа? Другарите? Рационално и длабоко неморално, нема што!/

* * *

Ако сфатиме, во нас рефлексивно, како лост, се јавува отпорот и претпазливоста. Понекогаш и медитативно, контемплативно, рефлексивно реагирање како: инает. Па кои се воопшто тие, за да ни го попречуваат нормалниот живот кој заговара слобода и практикува антифашизам? Инаетот станува отпор. Е, нема и не можете! Ама, уште да бевте такви. Со причина помислуваме дека таа фашистичка булумента и опција е агресивна и неправедна без никакво покритие. Чист волунтаризам на злото, кој нема друга, а особено не хуманистичка содржина. А местото на таа булумента дефинитивно и’ е само на ѓубриштето на човештвото кому му е спротивставена секоја Човечка Добрина.

Нè плаши и загрижува помислата дека тоа е делумно фашистички и од наша страна, т.е. близок гест на нивното однеување или токму тоа што тие ни го прават, а ние никако нема да се вплеткаме во нивната фашистичка дејност и методологија. Секако, станува збор за заблуда, замка која си ја поставуваме самите на себе чувајќи ја својата етичка умереност на која фашистите сметаат!

На ова место мора да се присетиме на феноменот на жртвите кои ги произведе фашистичката безобѕирност кон поинаквиот живот и слободата на другите. Холокауст. Масовни егзекуии. Геноцид. Незамисливо,  сосема беспричинско насилство. Грабеж. Омраза кон добрината и човечкото достоинство. Години на човечко понижување.

* * *

/Освен тоа, добро е да се има на ум дека луѓето не се машини, па ниту кога се расипани, не можат да се поправаат. Неретко се лажеме токму во тоа, а тие сметаат на тоа и не им паѓа на памет да се променат. Секое настојување е само губење на нашето време и доведување на себеси во смешна состојба. Ним еднставно не смее да им се дозволи да го прават тоа што им се допаѓа, а што нам нè удира по разумот, образот, волјата, чесноста, слободата и нè претвора во жртви./

* * *

На другата страна.

Никакви обиди да ги придвижиме антифашистите, да ги збиеме редовите и да формираме фронт против ништожноста на фашизмот како соголена зло - пиштол или пушка над ископана гробна дупка, отшрафување бомба и фрлање во станот додека семејството јаде, во канцеларијата - додека луѓето работат, во автомобилите додека луѓето чекаат зелено светло на семафор, или копање ров и пукање од повеќецевен ракетен фрлач на урбана населба.

Ние антифашистите сме едно бедно чудо.

Сè до моментот кога сме присилени да се бориме на живот или смрт. Тогаш преовладува разумот, нараснува храброста и непопустливоста, што неретко е доцно вклучување до одмаздољубивост и репресија. А тоа не е добро зашто предизвикува иста реакција! Не можете да ги убедите фашистите дека не се во право! Својот пораз го доживуваат како повод и оправдана причина за одмазда. И приказната продолжува!

Затоа е добро кога ќе ги сфатиме работите на време. Во овој момент невладината организација Српски двери која има и безрезервна поддршка на СПЦ медиумите ја нарекуваат „Спрски звери“ (ѕверки) и ги изложуваат на потсмев и зафрканција. Тоа е сјаен модалитет, но никогаш не смееме да го заборавиме нивниот фашистички карактер.

Имено, не знаеме ништо додека не ја дигнат главата, додека не заријат нож во вратот или срцето, додека не испразнат шаржер во градите, рафал во семејство, додека не фрлат бомба во спалната соба или во трпезаријата. Најверојатно.  До тој момент работиме за фашистите како добра и послушна стока која тие ја водат во кланица, иако фашистите немаат ниту најмала смисла за нашето уважување, хумор, шеги или лична одговорност.

* * *

Антифашистите се /како што рековме/ такви, ниту мислат за некакво зло, ниту некому мислат и прават какво било зло, ниту им паѓа на памет такво нешто. Легнуваат на стомак и думаат како Руси во дамнешната царска Русија. Околу нив лелеава трева, летаат пеперутки, а тие го имаат сето време сè до крајот на светот на своја страна. Ако затреба уште една кофа вотка, се досетуваат дека не формирале Дума! Епа, еби му мајката сега, кој ќе одлучи за тоа и кого ќе го испратиме до дестилерија? Толку се инертни што фашизмот пред нивните очи може да егзибицонира до сто една и назад, исмејувајќи ги индолентните кои на крајот од фабриката за трактори ќе направат и фабрика за тенковите Т-34, а од Јосиф Висарионович Сталин Џигашвили - антифашист. Што е - е.

Тогаш најжедниот станува и вели: кој ве ебе, јас ќе одам! Потоа се јавува уште еден, кој помислил дека овој што се јавил на враќање ќе испие вотка колку што сака! Затоа ќе оди и тој, да потегне некоја голтка. Но, се јавува и третиот кој отворено вели: Е, додека да се вратите, ќе испиете половина! Ако ти одиш со нив, сите заедно нема да донесете ни четвртина! Одам и јас! - вели четвртиот - се јавува и петтиот! Ааа, ќе си го прашам! Се јавува и шестиот и скока како попарен! Охохохо, вели седмиот и станува на ливадата под јасенот. Нема да одите без мене! - вели осмиот. И конечно, целата антифашистичка дружина оди кон дестилеријата по вотка.

Кога стигнуваат, фашсистите веќе вовеле целосен ред! Кај нив нема лабаво! Изгланцани чизми! Подмачкани и репетирани наганти. Блескави кожни јакни. Блескави очила. Светкави кукасти крстови и кокарди. Пламтат клади и гасни комори. Ги стрижат златните коси. Го одземаат накитот. Ги вадат златните заби, ги вадат прстените и ѓерданите.

Е, баш добро дојдовте, ни снема гориво - велат и почнуваат да ги ложат антифашистите како цепеници. Приказната е подолга, ама кое фајде, кога суровината чади. Антифашистите не се добри ни за на клада. Ни за на кур. Инаку, мораат токму на фашистите да им покажат дека се поинакви.

* * *


Јануари, anno Domini, 2013

Извор: tacno.net
Слики: Stuart Bracewell

ОкоБоли главаВицФото