Убавиот му ја ќарил девојката на упорниот

24.01.2013 14:11
Убавиот му ја ќарил девојката на упорниот

Кавадарци, 24 јануари 2013

Младите кои синоќа се забавувале во популарниот ноќен клуб „Лоза“ во Кавадарци биле сведоци на една необична сцена. Убавиот младич Горан Јовановски се бакнувал со Драгана И. пред очите на Зоран Ангелов кој веќе со месеци ја брка Драгана. Зоран, кој бил многу упорен во своето додворување, верувал дека оваа тактика мора да вроди со плод.

„Сите ми велеа дека кога-тогаш Драгана ќе попушти. Ја барав по телефон речиси секој ден, испраќав пораки, подароци и цвеќе. Цел град знаеше дека ми се допаѓа. Сите другари ми велеа дека само треба да бидам упорен и да не се откажувам.“, вели Зоран и додава дека „не му е јасно од кога тоа девојки се палат на убави типови“.

Горан Јовановски, кому му појде од рака да стане момче на Драгана, отсекогаш се плашел дека нема што да им понуди на девојките.

„Често се прашував која девојка би паднала на убаво момче. Никогаш не сум се сметал за особено духовит, ниту шармантен. Секогаш се обесхрабрував кога некој ја цитираше поговорката со убавиот и упорниот“, вели Горан.

Тој додава дека и самиот се чуди кога ќе фати некоја девојка. Ни ги довери сомнежите дека неговите последни дваесет девојки лажеле, зашто секогаш истакнувале дека Горан ги освоил токму со неговата убавина.

Во познатата книга „Совети за освојување на жените“ се наведува упорноста како тактика која најдобро поминува кај жените, а се истакнува дека упорните мажи најбрзо освојуваат некоја жена ако таа претходно испие половина литар алкохол.

Адаптирано од: www.njuz.net