Смртна казна за 21 хулиган во Египет

26.01.2013 13:15
Смртна казна за 21 хулиган во Египет

Судот во Египет донесе 21 пресуда за смртна казна во врска со немирите со фатални последици што се случија минатата година на фудбалскиот стадион во Порт Саид.

Осудените се главно членови на Ultras, фудбалски навивачи коишто го поддржуваат тимот на Ал Масри од Порд Саид.

Најмалку 74 лица ги изгубија своите животи во немирите што се случија на 1 февруари 2012 гоодина, само неколку минути по завршувањето на натпреварот меѓу Ал Масри и каирскиот Ал Ахли.

Навивачите на Ал Масри истрчаа на теренот по победата на нивиот тим, фрлајќи камења, шишиња и молотови коктели кон навивачите на Ал Ахли. Сведоците велат дека полицијата што во тие моменти се наоѓала на стадионот не сторила ништо за да го спречи насилството што покрена лавина протести во Каиро.

Пресудите не се конечни, смртните казни мора да ги потврди главниот муфтија на Египет, иако тоа е главо процедурална формалност.

Обвитетите може да поднесат и жалба на пресудата. Семејствата на жртвите присутни во судницата ја поздравија одлуката на судот.

„Правда или крв“

На пресудата се гледа најмногу како на политички потег, како обид да се смириат членовите на групата Ultras, коишто се закануваа со предизвикување немири доколку не им се допаѓа пресудата.

Минатите денови, навивачите на Ал Ахли ги блокираа мостовите, улиците, системот на метрото во Каиро. На Фејсбук објавија предупредување, „Правда или крв“.

За десетина други обвинети, вклучувајќи ги и официјалните лица за сигурност коишто се обвитени дека не го сопреле насилството, казните ќе бидат изречени на 9 март.

Извор: balkans.aljazeera.net