Од брачна рамноправност во бракоразводна нерамноправност

26.01.2013 14:09
Од брачна рамноправност во бракоразводна нерамноправност

Со оглед на инаугурацискиот говор на Барак Обама – останува прашањето – кои се сите задачи што го чекаат претседателот на САД којшто се зарече дека ќе работи на остварувањето на вистинската еднаквост.

Истополовите бракови се толку голема новост во бројни земји од светот во последните неколку години, што ретко кој пар воопшто размислува за можноста за развод еден ден – иако постојат и такви случаи. Во теорија, раскинувањето на геј бракот (таму каде што така се нарекува) не би требало да биде поинкво од она на стрејт браковите; но во пракса, онаму каде што истополовите заедници уште се новост од правен аспект, настануваат компликации.

Тоа најдобро го знаат во Мејн (можеби и не толку геј мажите и лезбејките што тргнале да се венчаваат, колку активистите и правните аналитичари), една од четирите сојузни држави што по последните избори во САД изгласаа рамноправност за истополовите бракови. Таму правното уредување на финесите на бракот и понатаму е органичено со два фактори – добро познатата DOMA (со што се забранува препознавањето на истополовите заедници на федерално ниво) но и со фактот дека со слични законски „решенија“ се ограничени и најголем дел од другите сојузни држави. Иако во неколку од нив бракот и заедницата се регулирани, настанува вистинска збунетост кога ќе почне разгледувањето на можностите за раскин на бракот, подлеба на имотот и, во некои случаи, старателство врз децата. Аналитичарите се согласуваат дека при донесувањето на законот за истополови заедници малку кој води сметка за нивото раскинување.

Сојузните држави што во ноември минатата година го регулираа бракот истовремено го признаат неговото препознавање и за оние граѓани коишто го склучиле на друго место. Но, тогаш колку бил законски бракот на тие парови? Ако се венчале во Сан Франциско во 2009 година, на пример, дали се во брак три години или три месеци? Ова се само некои од прашањата што се нерешени.

За почеток, DOMA предвидува дека поделбата на имотот по разводот на хетеросексуалниот пар не се одданочува, но ова не важи и за истополовите бракови. Истото важи и за припишување сопственост на својот партнер. Адвокатите што се занимаваат со истополови разводи мора да пронаоѓаат начини да ги заобиколуваат овие одредби, за да може имотот да се подели рамноправно (што не значи нужно и во еднаква вредност). Остануваат неодредени и прашањата за алиментација за сопружниците/чките, што веројатно нема да може да се оствари за паровите што се во брак помалку од десет години. Но, што е со оние што се во врска многу подолго, а државата не им овозможила брак?

Бројни парови во САД коишто се венчале во друга држава денес не може да ги раскинат своите бракови, феномен што адвокатите го нарекуваат wed-locked затоа што нивните матични држави не го препознаваат бракот како рамноправен. За да им биде дозволено да се разведат, потребно е прво да се вратат во државата каде што е склопен бракот (или во некоја друга којашто го препознава), а во некои случаи потребно е дури и да пријават престој на подолг период во тие држави.

Оспорувањето на DOMA, инаку најголемиот виновник за овие правни гордиеви јазли, се очекува најрано ова лето, кога би требало и да биде разрешена. Дотогаш, прашањето на разводот зависи најмногу од тоа каде се живее во тој момент, а делумно и од тоа каде бил склопен бракот.

Извор: queer.hr